Тргувајте со Вашите вештини

Тргувајте со Вашите вештини

Не треба да ги продаваме нашите вештини. Со нив треба да тргуваме. Постои фундаментална разлика меѓу овие две работи.

Во неформалното образование посетуваме обуки за да се стекнеме со нови вештини и знаења. Во замена ги даваме нашиот фокус и нашето време. Понатаму научените вештини од обуките ги применуваме во работата и се усовршуваме.

За разлика од неформалното образование, кога ќе почнеме да работиме на ново работно место, имаме одлична можност да се стекнеме со нови вештини кои ќе се бараат од нас на новата работа.

Обратен процес

На работното место настанува обратен процес од класично неформално образование. Таму имаме можност да ги примениме вештините кои веќе ги поседуваме. Утврдуваме кои потребни вештини веќе ги поседуваме и бараме начин како истите да ги вклопиме во нашата општа слика. Со тоа и практично започнуваме да ги усовршуваме во овие вештини.

Кога согледуваме дека некои вештини стануваат неопходни за работата, тогаш се посветуваме да ги подобриме уште повеќе. Доколку не ни се потребни, тогаш ги оставаме настрана и се фокусираме на други вештини.

Моето искуство

Во моето досегашно искуство во областа на информатиката и оперативниот менаџмент, имав прилика да развијам бројни вештини кои се бараа на моето работно место. Притоа се стекнав со низа деловни вештини како проектен менаџмент, ефективно завршување на задачи, менаџирање на време, финансии, ЕРП системи, воспоставување и одржување на системи, бизнис анализа, примена на меѓународни стандарди, итн.

Неколкупати годишно посетував разни обуки за деловни вештини. Дел од наученото веднаш применував во секојдневната работа, дел применував подоцна.

Личен профил на вештини

вештини

Сите научени или стекнати вештини ги евидентирав во документ наречен Личен профил на вештини. Тоа е документ во кој се евидентираат сите вештини кои ги поседувате, заедно со референците и подетален опис на стекнатото искуство за секоја од вештините. Овој документ претставува одличен прилог на Вашето CV кога аплицирате за ново работно место. Доколку сакате да прочитате повеќе за него, мојата статија со наслов Личен профил на вештини можете ја најдете на Статија.Мк.

На секои два до три месеци, се навраќав наназад и ја разгледував листата на вештини кои беа наведени во мојот личен профил. Ја анализирав секоја од вештините поединечно. Се обидував да ги најдам предностите на секоја од вештините и да најдам начин како да ја вклопам во мојата секојдневна работа. На интернет можете да најдете бројни блогови на тема како да направите SWOT анализа на вештините кои ги поседувате.

Развивање на вештини кои ги имате

За да можам дел од вештините да ги применам во работата ми беше потребно надградување и развивање на овие вештини. За таа цел барав дополнителни обуки од таа област, се консултирав со поискусни лица од таа област или најчесто читав литература на истата тема. Потоа наученото се обидував да го применам во работата. Најдобрата формула за усовршување на одредена вештина беше следната: прво да завршам обука за бараната вештина, а потоа да започнам наученото да го применувам во работата и да се усовршам. Практичната примена скоро секогаш беше пропратена со читање на литература за истата вештина.

Стекнување нови вештини

Кога се одлучував повторно да инвестирам во себе, се навраќав на листата на вештини од мојот личен профил. Ги анализирав вештините и избирав нова вештина која би била корисна за моето работно место и мојата кариера. Понатаму се обидував да се држам до горенаведената формула за усовршување: прво обука, потоа практична примена и читање литература.

Во одредени случаи се обидував да одам по обратниот редослед, прво читање литература и практична примена, а потоа евентуално слушање обука. И во овој случај може да се достигне скоро идентично ниво на вештина, но потребно е многу повеќе време.

Дејан Спасески

Други блог постови за Инвестирање во себе.



Leave a Reply

WordPress SEO