Тестови за интелигенција

Тестови за интелигенција

Тест за интелигенција на Mensa International

На официјалната страница на Mensa International поставен е квиз тест кој има само забавен и ориентационен карактер. Тој не претставува официјален тест за испитување на коефициентот на интелигенција. Поради тоа, со резултатот од овој тест не можете да се квалификувате за членство во Менса.

Прашањата во овој квиз тест се наменети за луѓе од англиското говорно подрачје кои како примарен јазик го говорат англискиот јазик. Времето потребно за решавање на тестот е 30 минути. Доколку тестот го решите за пократко време, за жал тоа нема да влијае на вашиот резултат. Тестот го имате на следниот линк.

интелигенција

Официјален тест на Mensa International

Официјалниот тест на Mensa International не е достапен на интернет за online решавање. Решавањето на овој тест е можно само на официјални закажани термини за тестирање, кои ги организираат националните организации на Mensa International.

Oвој тест се состои од задачи со Равенови Прогресивни Матрици. Пример за еден ваков сличен тест за интелигенција можете да најдете на официјалната веб страница на Mensa Denmark

На веб страната на Windows Intelligence Network можете да го најдете истиот овој тест но во поинаква верзија.

Освен овие тестови, на интернет можете да најдете и мноштво други тестови за интелигенција кои се наменети за лица од англиско говорно подрачје. Подолу имате линкови до неколку различни тестови за интелигенција.

Тест за интелигенција

Во овие пет тестови потребно е да откриете што значат наведените букви. Како пример може да ви послужи реченицата под реден број 0.

Прв дел
Втор дел
Трет дел
Четврти дел
Петти дел

Едноставен тест за интелигенција

Ова е уште еден вид на тест кој е од забавен карактер и во него е потребно да одговорите на одреден број прашања.

Прв дел
Втор дел

Други тестови за интелигенција

Потребно е да имате на ум дека ниту еден on-line тест за интелигенција на интернет, не дава резултат кој може да се смета за точен, а не дава ниту сертификат за потврда на коефициентот на интелигенција кој го поседувате. Овие тестови даваат приближен резултат кој треба да ви даде претстава отприлика во кои граници се движите и дали би имало потреба да се нафатите да го полагате официјалниот тест на националната Менса Организација.

Дејан Спасески

Други блог постови за Интелигенција



2 Responses to “Тестови за интелигенција”

  1. Горан says:

    Тестовите се на англиски.
    Можноста за вистинити резултати не постои, од проста причина што треба да не згрешиш во поимањето на поставеното на англиски.

    Информацијава и не е така корисна ако се земе в предвид ова.

  2. Можност за вистинити резултати од тестовите на интернет не постои, токму тоа и е потенцирано во текстот. Напоменато е дека сите тестови имаат ориентационен и забавен карактер и даваат само приближна слика за тоа во кои граници се движи вашиот коефициент на интелигенција.

    Една од причините што овие тестови не може да бидат валидни е затоа што се веќе јавно објавени. Официјалните тестови за интелигенција не се достапни за јавноста и може да се решаваат само на официјално закажани тестирања под надзор на овластени лица.

    Втората причина што овие тестови не може да бидат валидни е токму англискиот јазик, кој не е мајчин јазик за голем дел од испитаниците. Иако при решавање од дома имаме на располагање речник, сепак јазикот е сегмент кој битно влијае на резултатите. Затоа тестовите со текстуални задачи се користат за тестирање на лица од англиско говорно подрачје.

    За сите останати, официјалните тестови за интелигенција се состојат од визуелни и сликовит проблеми, а инструкциите за решавање се кратки и јасни.

    Еден таков тест од Равенови прогресивни матрици користи и Mensa International. За решавање на тестот кој како пример е објавен на веб страната на Mensa Denmark и не ви е потребен англискиот јазик.

    Доколку сте заинтересирани за полагање на еден ваков официјален тест, ви препорачуваме да ги контактирате одговорните лица од Менса Македонија, за информација за следните термини за тестирање.

Leave a Reply

WordPress SEO