Плаќањето на повисока месечна рата за враќање на долговите звучи малку чудно. Кога луѓето бараат да земат кредит, тие најчесто бараат кредит со најмал износ на месечна рата. За ова постои и многу добра причина. На сите реклами на банките гледаме пораки дека каматните стапки се многу важни, но рекламите постојано повторуваат дека е подобро да избереме пониска каматна стапка.
Знаејќи дека банките се во бизнис каде треба да генерираат што е можно поголем профит, логично е да сфатиме дека она што ни го нудат како поволност, е повеќе во нивни отколку во наш интерес. Она што Вие треба да направите е да ја барате на увид структурата на кредитот. Земете ги сите параметри за еден кредит и пресметајте ги месечните давачки и крајниот износ кој ќе го платите за исплата после петнаесет и после триесет години. На пример за кредит од 100.000 денари, со каматна стапка од 6%, и рок за исплата од петнаесет години, месечната рата би била 1.000 денари и би Ве чинела вкупно 180.000 денари. Лесно се пресметува дека цената која ќе ја платите за користење на кредитот изнесува 80.000 денари. Доколку земете кредит на истиот износ со повисока каматна стапка од 8.75% и период на исплата на триесет години, би требало да плаќате месечна рата од 710 денари или вкупно 255.600 денари. Во овој случај цената за користење на кредитот изнесува 155.600 и затоа првиот кредит изгледа попривлечно иако е на пократок период.
Но доколку се одлучиме да го земеме вториот кредит, можеме наместо месечната рата од 710 денари самите секој месец уплаќаме 1.000 денари. Доколку сите останатите услови останат непроменети, тогаш кредитот наместо за триесет, ќе го исплатиме за единаесет години и за тоа ќе треба да платиме вкупно 132.000 денари. Значи за истиот месечен износ од 1.000 денари, кредитот со поголема кредитна стапка ќе биде исплатен четири години порано од другиот, и притоа ќе заштедите 48.000 денари. Причината поради која вториот кредит со повисока стапка ќе се исплаќа побрзо е што би уплаќале повеќе пари за исплата на основицата секој месец, наместо на каматите, кои секој месец се пресметуваат на преостанатата основица.

Структурата на кредитот е многу поважна од висината на каматната стапка. Со намалувањето на преостанатиот износ на кредит земен на подолг период, можете да побарате и да добиете намалување на месечниот износ на ратата за исплата. Тогаш повторно можете да го зачувате овој износ кој повеќе не е дел од ратата и да го користите како дополнителна уплата на месечната рата за кредитот. За ова банката можеби ќе Ви наплати поголем каматна стапка, но и во овој случај побрзо ќе го вратите долгот и и ќе заштедите пари.
Следниот пат кога повторно ќе барате кредит, кажете им на банкарите дека не Ви е грижа за каматната стапка. Она што навистина Ве интересира е кога ќе го вратите целиот долг и колку тоа ќе Ве чини на крајот. Најверојатно ќе збуните многумина од нив, па затоа забавувајте се малку.
Дејан Спасески
Други блог постови за Лични финансии.
Многу добар текст, кој треба да биде четиво бр.1 за сите оние кои имаат потреба од надминување на финансиски јаз по пат на кредити.
Доколку кај банкарите настапите со ставот кој Дејан Ви го предлага, Ви ветувам не дека само ќе ги збуните работниците во банката, туку и тие ќе отворат душа и ќе Ви предложат варијанта која во суштина треба да “ја кријат“.
Разбирањето на кредитите и нивната “филозофија“ е слаба страна кај мнозинството од населението, па мислам дека ова е една добра тема за некоја наредна информативна кампања на национално ниво.
Поздрав!
Токму така Борис, разбирањето на услугите на банките е слабост кај најголемиот дел од нас. Банкарите многу често не ги кажуват овие работи или пак банката воопшто не ги образува своите вработени како овие продукти функционираат, што мислам дека е уште пострашно за банката.
Кампања за оваа тема на национално ниво е навистина потребна, за да започне да се менува менталитетот кај нас и нашиот пристап кон банките и кредитите. Процесот би бук долготраен, но ќе има бенефити за сите нас. Македонија е една од последните земји во Европа по поволност на кредитите кои ги издаваат банките. Поповолни услови за кредити можеме да очекуваме кога луѓето ќе се задлабочат во бројките и кога ќе започнат да бараат поповолни услови од банките.
Поздрав и секое добро!
Многу добар текст! Одлични совети! Убаво е што некој размислува за интересите на широките маси… Мошне витешки
You know your money..несомнено
))
Продолжете така.
Поздрав
Ти благодарам Ина
Да се земе предвид и казната за предвремена исплата на кредитот ( cca 0-3% колку што знам).
Да Киро, треба да се земе во предвид, но секогаш постои можност да кредитот се врати предвреме и заедно со сите пресметани камати и други трошоци (казнени, административни) на крајот да чини помалку отколку да се исплаќа со договорениот интензитет. Сепак 3% е помало од 8, 10 или 12%.
Dejan,
ova e odlicna sugestija, no od licno iskustvo se sluci da uplakam po istata logika pogolema rata, a za ratata da se povlekuvani samo kolku sto iznesuva anuitetot a ostatokot da stojat kako nerealizirani vo bankata. Koga dobivme i resenie pred izvrsuvanje zaradi docnenje (sto ne e predmet na tekstot) i im rekovme deka sme vo pretplata, taka vsusnost otkrivme deka ovoj princip ne go priznvaat. Moeto prasanje e dali selektivno bankite go dozvoluvaat ovoj princip na isplata?
Pozdrav i ocekuvame uste vakvi konkretni tekstovi!
Јасно е зошто банките не го признаваат овој принцип. Јас се распрашав уште порано и најдов која им е цаката. Од моето искуство со една од нашите банки, знам дека требаше после секоја поголема уплата да поднесам барање за предвремено доспеавње на ратите, што значеше, целиот износ кој ми стои како претплата да се затвори со дел од следната недоспеана рата. И тоа функционираше без проблем. Можеби треба да се распрашаш во банката која им е постапката, би требало да ја знаат.
Здраво Дејан,
Добар текст и совет! Треба да послужи како основа за други трикови поврзани со банкарските продукти.
Се согласувам со идејата за кампања за финансиска едукација, но тој процес треба да започне уште во најраните години на нашите деца и да продолжи во текот на нивното редовно образование. Причината заради која многу луѓе се заглавени во долгови e многу едноставна – не знаат да ги управуваат парите и лесно западнуваат во “стапиците” на современото живеење и влегуваат во “трката на стаорци” (Киосаки). Само заради тоа што ве текот на своење образование не научиле ништо за парите!
Во насока на твојот пример – поголемите банки кај нас дозволуваат предвремена целосна и делумна отплата на кредитот (конкретно за стамбен кредит). При делумна отплата на кредитот, за уплати поголеми од 5% од вредноста на кредитот, не неплаќаат трошоци, за уплати помали од 5% наплатуваат 4.000 денари. Оттука, место поголеми месечни уплати, може дисциплинирано да се собира разликата од уплатите и во одреден период кога ќе достигне над 5% од вредноста на кредитот (на секои 6 месеци, на 1 година…) да се направи уплата за делумна отплата на кредитот. Тогаш банката ќе мора да ја прифати уплатата, да направи рекалкулација на амортизациониот план (со тоа да ја намали основицата на кредитот и висината на преостанатите месечни ануитети). Ефектот е ист како во примерот на Дејан – побрзо намалување на основицата и намалување на каматата која се пресметува на основицата. Без никакви провизии и надоместоци! Ова особено е корисно за кредити на подолг временски рок (пр.стамбен кредит на 30 години), каде со дисциплинирани делумни отплати може значително да се скрати периодот на отплата и да се заштедат пари.
Поздрав!
Марјан,
ти благодариме што со нас го сподели овој одличен и конкретен пример. На луѓето со кои најчесто контактирам и разговараме на оваа тема, токму вакви примери им се потребни за да финансиски се едуцираат. Благодарам и Поздрав.
ke em izvinete moram da pisuvm so ovoj font
Poimot kazna za predvremeno isplakawe veke izcezna evekeve naco;am deka vo Stopanska banka mozes i predvreme da si go vrates dolgot bez dopolnitelni trosoci i kamati
taka da sovetot i razmisluvaweto za vrakawe e mnogu dobar.I koga ke ve ubeduvaat vrabotenite od bankata kako prvi drugarcinja kako vasi spasiteli od finansiskata kriza deka polesno ke vi bide da go zemete na podolg vremenski period, nemojte da im veruvajte setete se na sovetot na dejan POMAL ROK -POGOLEMA RATA -A POMALA KAMATA
POZDRAV
Ти благодариме за информацијата Наташа