Еден од најлесните и најбрзите начини да за кратко време дојдеме до огромен износ на пари се игрите на среќа како лотарија или игра во казино.
Настрана од наследување на пари или добивка на премија на лотарија, постојат два основни начини како да заработите повеќе пари и како да создадете богатство. Едниот начин е да ги инвестирате парите да заработуваат за Вас, а вториот е да основате или поседувате бизнис кој е независен од Вас и кој ќе Ви носи приход.
Најдете начин како Вашите пари заработуваат повеќе за Вас. Добрата работа кај парите е што тие никогаш не се изморуваат. Тие можат, и дење и ноќе, да работат за Вас. Постојано, без престан. Прифатете го ова и започнете да инвестирате. Искористете ги Вашите пари, инвестирајте ги парите за да започнете да заработувате повеќе пари за Вас.
Доколку не сакате да ризикувате и сакате сигурна загарантирана добивка, тогаш за вас е штедењето во банка. Доколку пак сте изморени од банките и сакате поголема добивка, тогаш започнете да размислувате за инвестирање.
Помислата на инвестирање најчесто е, но не мора да биде застрашувачка. За да научите повеќе, можете да направите едно мало истражување. На пример, погледнете ја историјата на било кој инвестициски фонд со историја поголема од 30 години. Ќе забележите дека приносот на еден фонд во просек изнесува околу 10% годишно. Во некои години ќе биде неколку пати повисок, во други години ќе биде негативен, но просечниот годишен принос за целиот период ќе се движи околу 10%.
Можете да направите симулација и пресметка, и да претпоставите дека во овој период сте инвестирале 100 денари месечно. Парите кои сте ги инвестирале би се оплодувале со просечен принос од 10% годишно. Вкупната сума на пари која би ја инвестирале за 30 години би била, 38.400 денари. Но, вкупната вредност на Вашите инвестиции на крајот би пораснала на износ од 335.000 денари. Ова е прилично голем износ на пари за скоро никаков вложен труд од Ваша страна.
Друг начин да заработите преку инвестирање е да купите или да изградите бизнис или средство кое ќе Ви носи приход дури и кога нема да бидете присутни за да го раководите. Во оваа категорија спаѓа, секој бизнис кој го поседувате и кој може за Вас да го раководат други лица. Добар пример за ова се франшизите, како МекДоналдс. Сопствениците на ваков тип на бизнис, заработуваат пари дење и ноќе, без оглед дали доаѓаат на работа или не. Доколку немате доволно пари да започнете да водите бизнис со полно работно време или со франшиза, започнете со активности со делумно работно време и потоа полека надградувајте го бизнисот.
Дејан Спасески
Други блог постови за Лични финансии.