Игри за развивање на мозокот
Одличните размислувачи се потпираат на предизвикот и стимулацијата на брилијантните мисловни игри. Тие уживаат во игрите заради нивното предизвикување на умот и на чувството на стигнување до победата. Можете да најдете задоволство во било која мисловна игра. Како дете веројатно сте играле игри со карти, домино или икс нула. Децата развиваат многу вештини преку игрите, но возрасните подоцна ја губат оваа навика, со што ја пропуштаат и шансата за забава и за вежбање на мозокот. Следува селектирана листа од игри кои сме ги играле во минатото. Со дел од нив ќе можете да израдувате некого за роденден или Нова Година.
Шах
Шахот е кралица на сите игри. Претставува чисто церебрално напрегање и надмудрување помеѓу два ума. Ве учи на стратегија, тактитка, игра на позиционирање и Ви укажува на придобивките од апсолутна концентрација. Треба да ја има во секој дом. Секое дете треба да научи да ја игра. Секој може да ужива во овој предизвик.
Монопол
Ова е играта која била забранета од Фидел Кастро кога тој дошол на власт во Куба. Играта тој ја видел како модел на капитализам. За играта е потребна многу среќа, но искусните играчи најчесто триумфираат затоа што тие за време на целата игра се фокусирани на вистинските ресурси. Оваа игра ве учи на вештини на тргување и на веројатност.
Икс нула
Игра која се игра на мрежа од полиња со димензии 3х3. Овозможува испитување на примена на разни стратегии кои секојпат се различни и зависат од претходниот потег на противникот.
Бриџ
Има многу добри игри со крати, но за сигурно дека најдобрата од нив е Бриџ. Комбинирањето и следењето на картите помага за развој на две различни групи на вештини. Играчите ги следат и паметат картите кои се фрлени и лесно може да ги предвидат неоткриените карти. Најголемиот дел од играчите учат прво да молчат пред да започнат со усовршување на оваа игра.
Јамб
Традиционална игра со шест коцки. Обединува неколку различни групи на вештини, како артиметички операции, комбинирање и стратегија. Бара поголемо искуство и релативно добра концентрација.
Табла
Табла е извонредна игра за двајца играчи која се одликува со мешавина на среќа, вештина и коцкање. Можете да изберете ризична или посигурна стратегија и во одредени случаи да ја удвоите вашата предност во играта.
Покер
Некои луѓе се во заблуда кога мислат дека покер е игра на блефирање. За оваа игра потребен е висок интелект и искусни играчи кои можат да ја пресметаат веројатноста или да ги насетат намерите на противниците. Потребни Ви се челични нерви и извонредно разбирање на статистиката доколку сакате да победите. За да ја научите оваа игра може да Ве чини многу, што на крајот може да биде и опасно, но за сигурно ќе може да ја сметате за едно од вашите најдобри искуства во животот.
Ребуси
Тоа се визуелни и зборовни загатки кои каде Вие треба да го откриете скриениот поим или фраза која се крие зад сликата или комбинацијата од слики и зборови. Решение е да го кажете она што го гледате пред себе, но предизвикот е да гледате и да размислувате латерално за да можете да го видите решението.
Асоцијација
Ова е забавна игра на зборови или најчесто во погодување називи на филмови. Одлична забава за фамилија или пријатели. Потребно е на вашиот соиграч да му го опишете зборот или називот на филмот, што побрзо, без да се користите со мимика.
Брза географија
Оваа игра е татко на сите квизови. Со оваа игра ќе го тестирате вашето општо познавање и познавање на географските топоними. Истовремено со оваа игра се развива вашата способност за брзо размислување.
Латерални загатки.
Во овие загатки се земаат чудни ситуации и каде еден од играчите го знае решението, додека другите треба да поставуваат прашања. Оној што одговара може да одговара само со Да, Не или Небитно. Потребно е другите да дојдат до проблемот од различни правци, да ги проверат своите претпоставки и да ги спојат сите заклучоци заедно. Одлична игра за забава со пријатели или со фамилијата.