Корисни линкови

W3Schools е портал за веб девелопри, со туторијали и референци поврзани со веб програмирање, вклучувајќи HTML, XML, CSS, JavaScript, PHP и SQL. W3Schools е бесплатно за користење, а се одржува од текстуални и сликовити реклами. Авторските права на туторијалите и референците се во нивна сопственост.

(Повеќе…)

Gutenberg проектот е место каде можете да најдете повеќе од 33.000 бесплатни е-книги кои можете да ги читате преку вашиот компјутер или преку разни видови мобилни уреди. Нивните книги претходно биле издадени од видни издавачи и потоа дигитализирани со помош на илјадници волонтери. Сите наведени книги може бесплатно да бидат преземени. Книгите се достапни во следните формати: ePub, Kindle, HTML или како обичен текст. За користење на веб страната не е потребна регистрација.

(Повеќе…)

AntiEssays

Овде ќе најдете илјадници бесплатни есеи и трудови на различни теми и области. Тие се сортирани во категории, но за побрзо пребарување сајтот содржи брз преварувач. Овде ќе најдете бесплатни есеи од областите: Уметност, Бизнис/Економија, Англиски, Историја, Наука/Технологија, Психологија и слично.

(Повеќе…)

Препарачано од: Tutoriali .com.mk

Овој веб сајт нуди бесплатно видео кое ќе Ве научи како да извлечете што повеќе резултати за пократко време, да останете фокусирани, да избегнете одлагање на обврските, и други практични совети. За возврат треба да се регистрирате со внесување на Вашето и име и email адреса. Можеби вакви видеа вредат пари, но сепак за да оцените дали е вредно за Вас, потребно е сами да го погледнете.

(Повеќе…)

Препарачано од: Пеце Ангелковски

S-Cool!

Сајтот S-Cool обезбедува темелно анализирани артикли од сите области на средно гимназиско образовани, коишто би ви биле од голема корист при подготовка за тест. Во секцијата GCSE(General Certificate of Secondary Education) се покриени областите: Математика, Физика, Биологија, Англиски, Француски, Географија, Хемија и Физичко. Во секцијата “A-Level” се опфатени областите: Математика, Науки, Англиска литература, Економија, Историја, Социологија, Психологија и уште некои слични области.

(Повеќе…)

Препарачано од: Tutoriali .com.mk

iKnow!

Научно-базирано учење на јазици. Овој јапонски веб сајт нуди официјални курсеви за учење Јапонски, Кинески и Англиски јазик. Исто така можете да учите и други курсеви кои се креирани од други лица со помош на сервисот кои покриваат други странски јазици. Доколку не успеете да го најдете она што го барате, искористете ги алатките и изградете си сопствен курс.
(Повеќе…)

AntiStudy

Дали некогаш сте барале бесплатни забелешки, анализи и критички осврти за книги? AntiStudy.com е пребарувачот којшто пребарува по бесплатни анализи на новели, драми, поеми и слично. Ако преферирате да пребарувате мануелно, тогаш кликнете на “browse book notes by title”.

(Повеќе…)

Препарачано од: Tutoriali .com.mk

Wiredshelf.com

Доколку барате веб сајт со обемна колекција од електронски книги со стручна литература тогаш ова е вистинскиот веб сајт за Вас. Wiredshelf во моментов нуди повеќе од 99000 врвни електронски книги кои покриваат повеќе од педесет различни области. Сите книги се достапни бесплатно само за регистрираните членови, за што е потребно да се плати минимален износ.

(Повеќе…)

Препарачано од: Славе Бошков

TopMarks

Овој сајт најмногу одговара за деца, родители и професори. Има брз пребарувач којшто пребарува едукативни линкови сортирајќи ги по група на години. Сајтов покрива Уметност, Физика, Биологија, Математика, Географија, Хемија и уште многу други области. Интересно е што на сајтот може да дискутирате на темите што ве интересираат.

(Повеќе…)

Препарачано од: Tutoriali .com.mk

StayOnSearchCourse

На овој веб сајт се нуди десетнеделен бесплатен курс кој ќе Ве научи на основите на Интернет Маркетингот. Покрива широка палета на наслови и ќе Ви помогне да го насочите сообраќајот кон вашиот веб сајт, да го изградите Вашиот бренд и да ги зголемите бројот на клиентите и продажбата. Секоја седмица по електронска пошта ќе ви биде испратен нов модул од овој десетнеделен курс.

(Повеќе…)

Biz/ed

Многу популарен сајт којшто се базира на областите: Бизнис, Сметководство, Економија и Туризам. Овој сајт го препорачувам бидејќи овде ќе најдете многу бесплатни материјали за учење. Покрај тоа што сајтов претставува одличен извор за сите бизнис ориентирани теми, тој исто така е и ажуриран сo најновите случувања од овие области.

(Повеќе…)

Препарачано од: Tutoriali .com.mk

Khan Academy

Khan Academy е непрофитен веб проект кој има мисија да овозможи едукација за било кое лице, на било кое место на земјата.

Во меѓувреме оваа веб страна стана омилена веб страна на Бил Гејтс, кој е воодушевен од тоа како еден ваков сериозен проект е изработен со незначителни инвестиции и средства. За тоа повеќе можете да прочитате на следниот линк: http://money.cnn.com

(Повеќе…)

Препарачано од: Коуч Ера

Free-eBooks.net

Free-eBooks.net eден од водечките интернет оnline извори за симнување бесплатни електронски книги. На оваа веб страница можете легално и бесплатно да читате или симнувате бесплатни електронски книги.

На почеток потребно е да се регистрирате со ваш кориснички профил, по што ќе добиете барање за верификација на вашата електронска адреса. Постои можност да одберете креирање на бесплатен профил кој Ви овозможува on-line читање на сите книги на веб страната. Дополнително, со бесплатниот профил дозволено е бесплатно симнување до пет PDF книги во текот на еден месец.

(Повеќе…)

Mind Tools

MindTools.com нуди помош за учење на практични и конкретни вештини кои Ви се потребни за напредок во кариерата. Кога се користат заедно, овие вештини може да Ви помогнат да станете исклучително ефективни, да бидете одличен менаџер и лидер, да бидете успешни во вашата кариера и дури и да станете посреќни на работа. Веруваме дека секој може да ги научи и примени овие едноставни процеси и техники за да го извади максимумот од својата кариера.

Основан е во 1996, и овој веб сајт им помага на повеќе од 15,000,000 лица секоја година, како и на компании и други организации ширум светот.

(Повеќе…)

WordPress SEO