Индустриската ера заврши при крајот на минатиот век. Денес живееме во ера на информации. На располагање имаме многу извори на информации и разни технологии преку кои можеме да учиме и да го надградуваме нашето знаење. За тоа колку е битно доживотното учење и со каква брзина се развива тоа во светот, ќе издвоиме неколку факти:
… најбараните 10 професии во 2010 година, во 2004 година воопшто не постоеле …
… на универзитетите денешните студенти се образуваат за професии кои сè уште не постојат…
… и тие ќе користат технологии кои сè уште не се откриени…
… и ќе решаваат проблеми, кои сè уште не им се познати…
… денешните просечни студенти во текот на својот живот ќе променат од 10 до 14 различни работни места…
…и тоа само до нивната 38 година од животот….
… едно од четири вработени лица денес, работи за својата компанија помалку од една година…
… најмалку едно од две вработени лица работи за својата компанија помалку од пет години…
… во 2008 година имало повеќе откази од сите вкупни вработувања во претходните 5 години…
…количеството на технички информации се удвојува секоја година…
… за студентите кои студираат на технички факултети ова значи дека: половина од она што ќе го научат во првата година, веќе ќе биде бескорисно во третата година на студии…
… дневно во светот се издаваат повеќе од 3.000 нови книги…
… за една седмица во дневниот весник New York Times има повеќе информации отколку што едно лице можело да научи за време на целиот свој живот во осумнаесеттиот век…
… годишно во светот се произведуваат повеќе информации отколку што биле произведени вкупно за претходните 5.000 години…
… 95% од возрасните во Кина имаат завршено високо образование…
… многу скоро Кина ќе стане земја број 1 според бројот на луѓе кои зборуваат англиски јазик…
… во англискиот јазик денес постојат околу 540.000 зборови…
… што е пет пати повеќе од времето кога постоел Шекспир…
Дејан Спасески