
Conceptis Ltd. е водечки снабдувач на Sudoku и многу други видови логички загатки кои може да се користат во печатена или електронска форма. Во просек, секојдневно во разни магазини и книги се печатат околу десет милиони загатки од Conceptis, додека уште неколку милиони загатки секој месец се решаваат on-line или преку мобилни телефони. Откога беше основана компанијата во 1997 година, Conceptis прерасна во огромен мотивирачки дух, популаризирајќи ја свесноста за логички загатки за сметка на љубителите на загатки низ целиот свет. Логичките загатки на Conceptis исто така може да се сретнат и во игрите на конзолите на Nintendo DS, игрите на CD-ROM за персонални компјутери, во друштвени забавни игри итн.
Со вкупно 20 вработени во компанијата, Conceptis годишно продуцира повеќе од 20,000 нови Нумерички Логички загатки како Sudoku, Kakuro или Battleships, и околу 5,000 Сликовити Логички загатки како Pic-a-Pix, Hanjie и Paint-by-Numbers. Тимот на Conceptis се состои од професионални обучени програмери, со бизнис лица со меѓународно искуство и иновативно настроени уметници. Со користењето на напредна технологија и постојаното присуство во светските натпреварувања како World Puzzle Championship и World Sudoku Championship, овој тим е одговoрен за развој на компјутерски алгоритми, создавање загатки и нивно промовирање низ целиот свет.
Conceptis постојано работи на развој на нови видови на загатки, при што го постојано го проширува своето присуство со печатени и електронски загатки, или загатки во било кој друга форма на медиум. Со помош на своите Интернет активности, како и со активностите на своите партнери, Conceptis прерасна во главниот мотивирачки дух, ширејќи ја свесноста за овие загадочни енигми, за бенефит на љубителите на загатки од целата земјина топка.
Партнери
Меѓународните партнери на Conceptis ги сочинуваат повеќе од 60 издавачи, развивачи на апликации за мобилни телефони и електронски игри во повеќе од 50 земји вклучувајќи го САД, Јапонија, Кореја, Велика Британија, Германија, Холандија, Франција, Русија, Финска, Данска, Полска, Израел, Унгарија, Австрија, Шпанија, Норвешка, Шведска, Грција, Швајцарија, Белгија, Италија, Австралија, Бразил, Турција, Тајланд и други.
Веб страна
www.conceptispuzzles.com
Повеќе од пет години, conceptispuzzles.com претставува рај за загатки, сон кој прерасна во стварност за секој љубител на загатки низ целиот свет. Како платформа за најкомплетна заедница за решавање на логички загатки на интернет, оваа веб страна им овозможува на своите членови редовно и секојдневно да уживаат во светски најквалитетните логички загатки.
Покрај најдобрите логички загатки во светот, веб страната на conceptispuzzles.com исто така нуди и комплетна платформа на заедницата на решавачи, напредни форуми и разни новости врзани за загатки, челнови од списанија и приказни за љубителите.
Предности
Со 10 години искуство, 20 вработени, 60 партнери во 50 земји, и ко-спонзорирање на светските шампионати на World Puzzle уште од 2000 година, Conceptis има многу предности кои може да им ги понуди на своите партнери.
Духот на Conceptis
Започнато како хоби поради љубовта кон загатките и игрите, никогаш не можеле да сонуваат дека нивната пасија кон логички загатки еден ден ќе прерасне жив дух и мотивирачка сила за меѓународна и успешна компанија. Токму како во старите денови, духот на Conceptis продолжува да се вклопува во се она што го прават, во секој чекор од нашето патување, истовремено споделувајќи го ова уживање со што е можно поголем број други луѓе. Водено од љубовта на луѓето повеќе, отколку од љубовта кон парите, Conceptis ќе ја продолжи својата мисија да го овозможи најдоброто искуство во решавање на логички загатки на љубителите од целата земјина топка.
Групи на Conceptis загатки
Загатките на Conceptis се поделени во три главни групи: Сликовити загатки, Нумерички Загатки и Детска Логика. Воопштено познати под името “Sudoku со слики”, Conceptis Сликовитите загатки се возбудливи, јазично независни загатки, кои по решавањето формираат целосни слики. Истовремено предизвикувачки и мисловни, денешните загатки кои брзо се учат, нудат врвен микс од логика, уметност и забава, кои им овозможуваат на решавачите многу часови уживање и ментална стимулација.
Сликовити Логички загатки
Conceptis Сликовитите логички загатки се состoјат од неколку различни фамилии на загатки, а заедничко за нив е дека кога ќе се решат успешно на крајот даваат одредена слика. Секоја фамилија на вакви загатки користи различни правила за решавање на загатките, и така овозможува целосно различно интелектуално, ментално и емотивно искуство. Најпопуларните загатки од фамилијата на Сликовити Логички загатки се загатките Pic-a-Pix, кои биле инспирирани од оригинална Јапонска загатка. Исто така позната под името Oekaki Logic, Hanjie, Nonograms, Paint by Numbers и други разни имиња, овие загатки станаа значаен дел од меѓународната заедница на решавачи на загатки, привлекувајќи нови пасионирани љубители било каде и да се објават. Други фамилии на Сликовити Логички загатки се Link-a-Pix, Fill-a-Pix, Maze-a-Pix и Dot-a-Pix, и сите од нив овозможуваат неограничена логичка стимулација.
Pic-a-pix
Fill-a-pix
Link-a-pix
Sym-a-pix
Maze-a-pix
Нумерички Логички загатки
Различно од горенаведените загатки, но ништо помалку забавни за решавање, Conceptis Нумеричките Загатки се состојат од широк спектар на нумерички базирани загатки кои бараат логички способности за решавање, но кои како краен резултат не даваат препознатлива слика. Најпопуларни загатки од групата на Нумерички логички Загатки се разбира дека се Sudoku загатките, кои оригинално биле измислени во САД, а потоа биле усовршени во Јапонија и станаа светска хистерија во 2005 година.
Conceptis Sudoku може да се сретне во неограничен број на симетрични форми и во широк спектар на ниво на сложеност за решавање, од најлесно до екстремно тешко, чие решавање може да одземе од пет минути до неколку часа. Постојат разни варијанти на Sudoku како Multi Sudoku, Sum Sudoku, Mega Sudoku, Irregular Sudoku, Diagonal Sudoku и Picture Sudoku. Ова овозможува да издавачите да со Conceptis загатките максимално да ги украсат нивните Sudoku магазини и книги. Други фамилии на Нумерички Логички Загатки се Kakuro, Battleships, Hashi, Slitherlink и Hitori, кои сите заедно овозможуваат разновидно искуство со логички загатки и многу забава и уживање.
Slither-Link
Battleships
Sudoku
Chain Sudoku
Diagonal Sudoku
Kakuro
Hitori
Hashi
Calcudoku
Детска Логика
Дали вашите деца може да бидат попаметни? Детска Логика преставува секција од Conceptis во кој се сместени Сликовити и Нумерички Логички загатки специјално изработени и дизајнирани за решавање од деца од пет до дванаесетгодишна возраст. Детска Логика на Conceptis во најголем дел се состои од нови инвентивни загатки кои порано не биле сретнати, како и од некои видови познати загатки кои биле доработени од Conceptis и потоа биле презентерани на еден поинаков начин. Conceptis Детска Логика се состои од шаренолики и забавни за решавање загатки, кои бараат активности кои ги развиваат детските способности за препознавање, логичко размилсување, концентрација и координирање на окото со раката. Родителите, дедовците и бабите на кои им е познат квалитетот и десетгодишното искуство со загатките на Conceptis, со драго срце ќе ги препорачаат овие загатки на своите деца и внуци.