Анкета – Како избирате обуки?
Но.Нет.Мк во периодот од 15.11 до 15.12.2010 година спроведе анкета за неговите читатели. Темата на анкетата беше Како избирате обуки? и имаше за цел да прибере релевантни информации за начинот на кој слушателите се одлучуваат за обуките кои ги посетуваат. Сакавме да прибереме информации што најмногу влијае при изборот на обуките, какви обуки сакаат, колку време им треба за да се одлучат итн…
Првата верзија на анкетата со прашањата беше изработена на почетокот на Ноември и беше испратена до сите тренинг центри кои се промовираат и кои го помагаат опстојувањето на Но.Нет.Мк. На сите им благодариме за придонесот и ги наведуваме по азбучен редослед:
Детра Центар – Центар за кадровски и информатички услуги
Зорба Консалтинг – Применета Писхологија
In Optimum – Центар за едукација и развој на човечки потенцијали
Клуч – Консалтинг и тренинг центар
Синергија Плус – Прва агенција за финансиска писменост
Тринова – Друштво на млади психолози
ЦДС – Центар за деловна соработка
Поголем дел од сугестиите од наведените тренинг центри беа земени во предвид и вметнати во прашањата и одговорите на анкетата.
Веб сервис
За дистрибуција на електронски весник на Но.Нет.Мк и Статија.мк го користиме сервисот Constantcontact. Овој сервис поседува и дел за анкети, но сакавме да тестираме други сервиси за оваа намена како Google Docs и SurveyMonkey. На крајот се одлучивме анкетата да ја спроведеме со популарниот интернет сервис SurveyMonkey. Користењето на овој сервис е едноставно и самиот ве води при изработката на прашалниците и одговорите.
Откако ќе ја дефинирате анкетата, овој сервис генерира посебни линкови за дистрибуција на анкетата преку веб страна, за дистрибуција во електронски весник или за дистрибуција на Facebook. Потоа во секое време ви дава точен број на анкетирани лица за секој од каналите. Ние ги користевме сите три канали за дистрибуција на линкот за анкетата. Дополнително сервисот нуди можност за креирање на email листи преку кои можете да го дистрибуирате линкот за анкетата по електронска пошта, но ние оваа опција не ја користевме.
Сепак нашето искуство со овој сервис е позитивно. И се разбира, следната анкета ќе ја вршиме преку сервисот GoogleDocs.
Одзив
Во текот на еден месец додека траеше анкетата, беа регистрирани 131 анкетирани лица. Со ова се надмина нашето очекување кое се движеше околу 100 анкетирани лица. За жал, со бесплатниот кориснички профил сервисот SurveyMonkey ни овозможи преглед на првите 100 одговори. Доколку сакавме увид во сите 131 одговори потребно беше да доплатиме за надградба на нашиот профил.
Резултати
Следуваат резултатите од анкетата. Напоменуваме дека податоците во продолжение се резултати од првите 100 анкетирани лица во анкетата.
Прашање бр.1:
Кога барате обуки, од која област најмногу Ве интересираат?
Дополнително, на некои од прашањата беше овозможено додавање на коментар од анкетираните лица. За ова прашање, евидентирани се следниве осум коментари и дополнувања:
- Образование и новини во образовниот процес
- Тимско работење, комуникациски вештини
- Проектен циклус – обука за аплицирање на проекти
- Управување со проектен циклус, Изработка на бизнис и деловни планови, Комуникациски вештини, Лидерство, мотивација и тимска работа
- Герила маркетинг
- Волонтирање, односи со јавност, личен развој,
- Обуки од областа на електронски бизнис и проектен менаџмент
- Јавни набавки
Прашање бр.2:
Колку време Ви е потребно за да се одлучите дали ќе посетувате одредена обука?
Прашање бр.3:
Која е највисоката цена на обука која би можеле да си ја дозволите?
Прашање бр.4:
Кои три критериуми според Вас се најбитни за посетување на обука?
Евидентирани се следните три коментари и дополнувања:
- во глобала се тие
- терминот на обуката
- цената е нај(главен) фактор
Прашање бр.5:
За кое ниво на вработени во компанијата Ви се потребни обуки?
Евидентирани се следните четири коментари и дополнувања:
- нормално вработување
- не сум вработен
- поврзано со менаџмент на човечки ресурси
- како постдипломец по проектен менаџмент, би сакала да посетувам обука од таа област, каде што предавачи би биле луѓе кои воделе големи проекти
Прашање бр.6:
Кое е идеалното времетраење на една обука?
Евидентирани се следните четири коментари и дополнувања:
- Се во зависност од обуката. Во некои ситуации се потребни и повеќе денови, да се опфатат сите сегменти во обуката.
- Јас можам да си дозволам 1-2 дена најмногу, но во секој случај времетраењето на обуката треба да се прилагоди според целите и курикулумот на обуката за да се постигне максимален квалитет.
- Зависно од темата на обуката. Имам посетувано обука која траела 4 дена по ред и обука која траела 12 дена, два пати неделно.
- Зависи
Прашање бр.7:
Какви обуки најчесто пребарувате и посетувате?
Евидентирани се следните четири коментари и дополнувања:
- различна од државната диплома
- обуки сродни од областа на мојата струка како би си ги подобрила вештините и проширила знаењето во тие рамки, но не се исклучува можноста да се заинтересирам и за обуки кои не се од мојата струка а се доста интересни, актуелни и практчни.
- оние кои ме интересираат
- врзани за струката, но и обуки за личен раст и развој
Прашање бр.8:
Кој практичен аспект од посетување една обука најмногу Ве интересира?
Евидентирани се следните два коментари и дополнувања:
- паметно инвестирање во себеси, практично градење на карактер, споделување на искуства, нови пријателства
- доколку обуката е збогатена со практични искуства и донесување одлуки во реална ситуација, за мене претставува полн погодок