Телефон: 02.32.15.015
Адреса: бул. Климент Охридскиi 54/2/1, Скопје
email: contact@cds.com.mk
web: www.cds.com.mk

Центар за Деловна Соработка – ЦДС е приватна консултантска фирма со седиште во Скопје, основана во 2002 год. ЦДС им помага на клиентите да станат ефикасни, иновативни и конкурентни како на домашниот така и на меѓународниот пазар. ЦДС нуди врвни услуги во областите на деловен и економски развој, развој на човечки и организациски капацитети, маркетинг, финансиско планирање и менаџмент, организирање на настани и информатичка и комуникациска технологија.
Преку својата работа ЦДС се има докажано како лидер во креирање и испорака на обуки и деловни советувања. За да биде во тек со современите потреби на клиентите, ЦДС посветува големо внимание на понатамошниот развој и обука на својот тим. Тимот на ЦДС, составен од консултанти и обучувачи, е опремен со домашно и меѓународно искуство и знаење. Секојдневното следење на светските трендови во областите на организациски развој и проектен менаџмент е дополнителна гаранција за квалитетот и ефикасноста на добиената услуга.
Нашите услуги ги нудиме на сите домашни и странски фирми и поединци заинтересирани за консултантски услуги и тренинг како средство
за развој, раст и просперитет во работењето. Од 2007 година, со зачленувањетo во меѓународната мрежа на Телеком и ИТ консултантски фирми (www.itic-group.com), ЦДС ги нуди своите консултантски и експертски услуги и на мултинационални корпорации, организации и влади во Европа.
Нашата стручност не е предмет на компромиси!
Преглед на обуки и работилници организирани од ЦДС – Центар за деловна соработка…