
Телефон: 02.24.61.477
Адреса: ТЦ Скопјанка
бул. Кузман Јосифовски Питу бр.19 локал 6, 1000 Скопје
email: info@clearview.com.mk
web: www.clearview.com.mk
Според истражувањата на познатиот магазин Fortune, најголемиот проблем со успешното менаџирање на организациите, е во непостоењето на вешти менаџери, кои умеат ефективно да комуницираат и да ги мотивираат останатите во организацијата. На организациите им недостасуваат лидери, ориентирани кон создавање на организација подготвена за раст и развој. Организациската култура на која се темели оваа подготвеност треба да е насочена кон постојано учење и прифаќање на промените, како единствена непроменлива состојба во окружувањето. Единствено преку претварање на промените во можности, компанијата може да биде над хаосот и дезорганизацијата и да оствари успешно реализирање на целите на долг рок.
Clear View BTC, веќе 5 години претставува најзначаен извор за едукација на менаџерскиот кадар од областа на бизнис вештините во Македонија. Посветен на создавање, акумулирање и пренесување на применливи знаења за бизнис работењето, ги подготвува менаџерите како да создадат поголема вредност на нивните организации, како подобро да се позицинонираат на пазарот и како стратешки да пристапат кон проблемите.
Дали постои организацијата без проблеми? Да, може да постои – кога организацијата оди по надолна линија од својот животен циклус, тогаш продажбата и активностите на компанијата се намалени и компанијата умира.
Затоа, мисијата на Clear View BTC се состои во создавање на ефективен менаџмент и лидерство, кои успешно ќе ги решаваат проблемите со кои се соочуваат во нивното работење, претварајќи ги во можности за профитабилна иднина.
Бидејќи, како што АДИЗЕС, гуруто на модерниот менаџмент вели, без ефективен менаџмент, ниедна организација неможе да просперира и воопшто да преживее на пазарот.
Едукацијата се врши по сертифицирана методологија за менаџмент ADIZES TOP Leadership Forum (www.adizes.com) и преку високо применливи тренинг програми, создадени од македонски високо квалификувани кадри, професионалци во својата област.
Мисијата на Clear View BTC, е да создаде препознатлив менаџерски кадар, подготвен за создавање на успеси на пазарот. Со посета на нашите тренинг програми, што ќе Ви овозможат:
- Подобро да ја позиционирате Вашата компанија на пазарот
- Ќе Ви помогнат да ја одржите профитабилната сотојба
- Ќе успеете да ја победите стагнацијата
Повеќе детали за овој тренинг центар можете да најдете на веб страницата на Clear View