Телефон: 02 32 90 540 и 02 32 90 544
Адреса: ул. Коста Шахов 7-6, Скопје
email: info@csglobal.com.mk
web: www.csglobal.com.mk

ЦС Глобал е единствена компанија во Македонија која целосно го има фокусот на управување и развој на човековиот капитал и зголемување на стратешката вредност на човековите ресурси. CS Global HR ACADEMY© е првата стручна Академија за управување и развој на човекови ресурси во Македонија и регионот, а Global HR™ е специјализиран месечен магазин за HR во Македонија.
Услугите за компаниите се во делот на стратешко управување со човековите ресурси, трансформација, реорганизација, промена, управувањето со таленти, проценка, регрутација и селекција на вработени.
Нашиот бизнис се луѓето и максимизирање на нивните капацитети.
Дел од нашите услуги се:
- Обука и развој на вештини
- Програми за групи и компании за градење на тим
- Процес на обука на интерни обучувачи и поставување на интерни академии за компании
- Регрутација и селекција на кадар во Македонија / посредување при работа за индивудиалци
- Посредување на работа и професионална пракса во странство
- Консалтинг услуги за квалитет, HR системи и процедури
- Аутсорсинг услуги за компании
- Кариерно советување и обука
- Професионална ориентација
- Истражувања за задоволство од работа, мотивација
- Јазични услуги во делот на специјализирани обуки, превод и толкување
- Изучување на странски јазик надвор од Македонија
Лидери сме во креирање и понуда на обуки за зајакнување на личните вештини како деловна комуникација и преговарање, управување со време и состаноци, успешно презентирање и подготовка за јавни настапи, управување со промени и слично.
Во ЦС Глобал имате можност да усовршите странски јазик или да се стекнете со нови знаења, бидејќи работиме со специјализирани програми за деловен, технички и останати професионални области на англиски, германски, италијански, француски и уште 10 други јазици.
Консултантите и обучувачите се специјализирани во својата област и имаат големо искуство во практична работа.
Центарот за кариера на ЦС Глобал ви нуди можност да развиете сопствен план за развој, за вработување или за напредок во кариерата. Овде може да се пријавите за професионална ориентација во процесот на избор на средно училиште или понатамошен развој на кариерата на универзитет или стручно образование.
ЦС Глобал е национално претставништво на Европскиот сертификат за бизнис компетенции EBC*L, кој е меѓународно признат, а во Македонија се полага на македонски или албански јазик во акредитирани испитни центри. Обуките ги спроведуваат сертифицирани обучувачи според програма одобрена од меѓународниот центар на EBC*L во Виена. Подетално на www.ebcl.com.mk
Global HR™ е месечен специјализиран магазин за управување и развој на човекови ресурси на македонски јазик кој е член на EBSCO најголемата база на податоци на научни и стручни публикации и магазини во светот. www.globalhr.mk
Преглед на обуки и работилници организирани од тренинг центарот CS Global…