Детра Центар

Телефон: +389 2 240 20 98
Факс: +389 2 240 20 98
Мобилен: +389 70 31 66
Адреса: бул. „АВНОЈ“ бр.74а, 1000 Скопје, Македонија
email: maja@detra.edu.mk
web: www.detra.edu.mk

КОИ СМЕ НИЕ – како го споделуваме нашето знаење

Центарот за кадровски и информатички услуги ДЕТРА е основан во 1991 година и е посветен на обезбедување услуги за развој низ обука, од каде што е изведено неговото име – DEvelopment through ТRAining.

Поле на наше делување се обучувачки и консултантски услуги за клиентите што се соочуваат со потребата за приспособување на барањата на пазарот, подобрување на постојните и стекнување нови компетенции кај себе и своите вработени.

Свесни сме дека промената во личниот и живот во организацијата бара дополнителен напор и енергија која мора да произлезе од личната инволвираност на клиентот. Затоа независно дали се работи за испорачување обука или консултантски услуги, два главни услови кои ги обезбедуваме во работата со клиентите и кои нас не прават препознатливи, се партнерскиот однос и тимската работа.

Целта на нашиот партнерски однос е вклученост и посветеност на промената и на консултантот, но и на клиентот. ДЕТРА Центар ги предизвикува своите клиенти рамноправно да ја поделат одговорноста за својот успех.

Кога работиме во компании, во работниот тим вклучуваме вработени од сите слоеви од организацијата со цел проблемот/потребата да се согледа сеопфатно. Овој пристап овозможува систематизирано дефинирање на проблемот, што пак овозможува доаѓање до систематизирано решение, кое сработено на овој начин ги олеснува интегрирањето, споделувањето и трансферот на знаење и промени помеѓу колегите.

Нашата цел е да ја смениме перспективата, да го ослободиме потенцијалот што лежи во секој вработен и формираме комплементарен тим, кој ќе создаде нови можности, бидејќи ние во ДЕТРА Центар веруваме дека проблемите се можности за нов развој.

ДЕТРА Центар тим

Консултантите на ДЕТРА Центар се експерти со долгогодишно обучувачко искуство. Секој од нив има висок степен формално образование, продлабочено знаење од својата експертска област и животно искуство. Нивното познавање на андрагогијата и почитувањето на етичките принципи ги прави вешти посредници во споделување на знаењето.Тие се вклучени во целиот процес од обуката од: проценка на потреби, креирање на обучувачки модули, развивање на наставни материјали, евалвација и менторирање.

Дел од експертски области кои тие ги покриваат се следните:

Управување со проекти и проектни тимови
Локална самоуправа и локален развоj
Тимови и тимска работа
Мониторинг и евалуација
Истражувања
Фасилитаторство
Справување со стрес
Мотивација
Гешталт психотерапија
Организациска трансакциона анализа
Преговарање
Коммуникации
Медијација
Продажни вештини
НЛП
Грижа за корисници
Јакнење на институционални капацитети
Организациска трансформација
Организациско учење
Организациска комуникација
Деловни информациски системе
Менаџмент во училиште
Етика во деловно работење
Лобирање
Работа со надарени и талентирани
Професионална орјентација
Професионална селекција
Маерс-Бригсова типологија на личност.

ДЕТРА Центар реализира два вида услуги

ОБУЧУВАЧКИ УСЛУГИ:

КОМПАНИСКИ ОБУКИ
Компаниските обуки се дизајнираат според конкретни потреби и утврдено ниво на индивидуални компетенции на кандидатите за обука.

ОТВОРЕНИ ОБУКИ
Отворените обуки се организираат за развој на индивидуалните капацитети на кој било заинтересиран.

КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ:

Нудиме два вида консултантски услуги: процесно консултантство и експертско консултантство.

1) ЕКСПЕРТСКО КОНСУЛТАНТСТВО: го нудиме како услуга за обезбедување и развој на човечките ресурси при:

- Регрутирање и селекција на кадри
- Професионално советување
- Систематизација на работни места
- Развој на систем на плати и награди

2) ПРОЦЕСНО КОНСУЛТАНТСТВО: за организациска трансформација го спроведуваме според сопствена СКИТОП методологија.

Организациското трансформирање е процес на сеопфатна организациска промена и нејзино усогласување со промените во средината. Причина за пристапување кон ваквите организациски промени е потребата на организацијата да го зголеми својот организациски капацитет за поефективно и поефикасно справување со настанатите промени во средината, пред сé, во посоодветно задоволување на потребите на клиентите и посоодветно справување со конкуренцијата. Во тој процес на зголемување на својот организациски капацитет организацијата ги користи своите постојни кадровски ресурси и нашата екстерна консултантска помош.

СКИТОП МЕТОДОЛОГИЈА

СКИТОП методологијата е акроним од синергетско креирање и интегрално трансферирање организациски промени. Овој пристап е развиен врз основа на 14-годишна примена на Методологијата на Исак Адижес и 18-годишното искуство од работа со други современи пристапи, методологии и техники на организациски промени. СКИТОП методологијата во делот на организациска дијагноза ја задржува суштината на Методологијата на Адижес, а во другите фази од организациската трансформација работи по сопствен пристап и инструменти за работа.

На следниот линк прочитајте подетално за СКИТОП МЕТОДОЛОГИЈА

http://www.detra.edu.mk/pdf/fazi_vo_SKITOP_metodologija.pdf

КОНТАКТ

Вашите прашања, коментари и сугестии можете ди ги испратите директно преку апликацијата од нашата веб страница или со праќање на мејл порака на: maja@detra.edu.mk

Повеќе детали можете да најдете на веб страницата на Детра Центар

WordPress SEO