Телефон: 02.32.46.041; 075.446.706
Адреса: Железничка бр.58, Скопје
email: info@esp.com.mk; esp@esp.com.mk
web: www.esp.com.mk
Профил на ЕСП
Услуги:
• Обуки за развивање деловни вештини
o Семинари, работилници и обуки од области за развивање деловни вештини
• Курсеви по странски јазици
o Општи – сите степени
o Специјализирани
o Професионален англиски јазик (ILEC, IFCE, BEC)
• Компјутерска едукација
o Основни и напредни компјутерски курсеви (пакети и посебни)
o Проектантски
o Web Design
o Специјализирани – скроени според потребите на слушателите
• Превод и толкување (сите јазици – усни и писмени)
ЕСП – Скопје е основано во 1999 година како центар на извонредност за обука по странски јазици, компјутери и обуки за развивање на деловни вештини, кој влева сигурност кај посетителите во успешност на процесот на учење на странски јазик, компјутерско описменување, како и обука за усовршување. ЕСП опстојува на таа визија, и во потрага по квалитет добивката е од второстепено значење.
Мисија
Мисијата на ЕСП е целосна посветеност кон непречен напредок на клиентите во усовршување на нивните познавања од избраната област, која најдобро е изразена преку
Нашето мото
Развивај го човечкиот потенцијал!
Потврда за квалитет во наставата
Од Мај 2006 ЕСП е целосно акредитирано од MAQS (МАКС) – Македонска асоцијација за квалитет во наставата по странски јазици (Асоцијативна членка на EAQUALS – Европска асоцијација за квалитет во наставата по странски јазици).
Насоченост кон потребите на клиенти
Еден од најважните темели за дизајнирање на нашите обуки се токму утврдените потреби и очекувани исходи на клиентите, врз основа на што изведувачите и посетителите заедно работат на постигнување на договорените цели на најефикасен можен начин.
Повеќе детали можете да најдете на веб страницата на ЕСП
Ставете не на проверка!