
Телефон: 075.263.869
Адреса: http://www.englishmak.com
email: contact@englishmak.com
web: http://www.englishmak.com
Профил на Go!EnglishMak сервисот
Go!EnglishMak сервисот за учење англиски јазик преку интернет е основан во јануари 2009 година од Технопринт Консалтинг ДОО Скопје, со техничка поддршка од Аксон ДООЕЛ. Примарната улога на сервисот е да обучи поединци преку современа и исплатлива понуда на курсеви и степени за различни возрасти, целосно достапни преку интернет 24/7.
Мисија
Интегрирање на технологијата во неформалното образование и воведување нов, алтернативен начин на учење по електронски пат наменет исклучиво за корисници од Република Македонија.
Цели
• Промоција на електронското учење на англискиот јазик;
• Поттикнување проактивност и ентузијазам кај корисниците преку предностите на е-учењето (конфор и опуштеност, флексибилност, контрола на корисникот врз темпото на учење, самостојност, објективно евалуирање на успехот и сл.);
• Фокус на индивидуалниот напредок наместо групниот;
• Економска исплатливост на обуката.
Услуги кои ги нуди Go!EnglishMak
Јазични обуки
Шестмесечна обука по англиски јазик преку Kурсеви за самостојно учење и Часови по конверзација.
- ОПШТ АНГЛИСКИ ЗА ОСНОВЦИ / почетен, среден и напреден степен
- ОПШТ АНГЛИСКИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ И ВОЗРАСНИ / почетен, среден и напреден степен
- ДЕЛОВЕН АНГЛИСКИ / почетен, среден и напреден степен.
Повеќе информации и детали за Go!EnglishMak сервисот ќе најдете на официјалната веб страница www.englishmak.com.