Телефон: 02.55.11.415
Адреса: Орце Николов 160
email: info@inoptimum.com.mk
web: www.inoptimum.com.mk

Ин Оптимум Македонија е лиценциран Центар за развој на човечки потенцијали од Ин Оптимум систем Академијата за развој на човечки потенцијали од Хрватска, кој од крајот на минатата година, за првпат во Македонија, почна да се организира семинари за Брзо читање.
Кога би ја зголемиле брзината на читање за 400-500 %,
кога би го зголемиле разбирањето на прочитаното и кога би развиле супер меморија, можете ли да се сложите дека тоа во голема мерка ќе влијае на квалитетот на вашиот живот?
Ин Оптимум Power reading е еден од најнапредните програми за Брзо читање во светот. Се базира на природниот начин на кој мозокот учи, се сеќава и ужива. Методологијата и коцептот на семинарот ги задоволува највисоките светски стандарди. Ин Оптимум Power reading семинарот има позитивно мислење од ЕУ и од соодветните министерства во земјите во кои се изведува. Овој програм веќе 8 години за изведува во Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Унгарија, Шведска итн. и е вистински тренд. Во некои од земјите се одржуваат и национални првенства во брзо читање а оваа година за првпат ќе биде организирано и меѓународно првенство.
Семинарот е во времетраење од 25 часа. Се изведува во Скопје и во поголемите градови во Македонија.
Зошто е потребно совладување на оваа вештина и на кого му е потребна?
Околу шестата година од животот повеќето од нас го усвојуваме начинот на читање кој го користиме цел живот. Кога ќе пораснеме, барањата во поглед на учењето и читањето значително се зголемуваат и константно се менуваат. Сите се сложуваат дека 21 век е век на знаење. Иако е нужност, за да успееме константно да усвојуваме нови информации и да прочитаме голема количина на материјал, поголемиот дел од нас користи начин на читање, процесирање и организација на информациите како и во шестата година.
Резултатите од тоа се:
- деконцентрација
- фрустрација
- заборавање на она што сме го читале и учеле
- непотполно разбирање.
Размислете малку…денеска сите се соочуваме со информации од различни извори, на различна тема, по различни медиуми како на пример електронска пошта, упатства, извештаи, документација, стручна литература, стручни списанија, весници, белетристика која сакаме да ја прочитаме, подготовка на испити, доусовршување… а сè уште читаме традиционално и не сме се надградиле? Нели е време да направиме нешто по тоа прашање и да ја унапредиме нашата вештина за читање? Еден современ човек треба во текот на денот да посвети време за за работата, за себе, за семејството, пријателите, домот, и притоа да се надградува за да биде во тек со се? Па како да се стигне сето тоа во текот на 24 часа?
Семинарот Брзо читање е можност која ви овозможува да водите поквалитетен живот од многу аспекти.
Како што сите знаеме да читаме традиционално, така сите можат да ја научат и вештината Брзо читање. Нема ограничувања во однос на возраста ниту професијата, ниту степенот на интелигенцијата…едноставно ова му треба на секого.
Напротив, Брзо читање го поттикнува развојот на сите интелигенции на човекот. Програмот се изведува на две возрасни групи: Јуниор брзо читање (8-12 години) и Брзо читање (од 12 до 108 години).
Тоа значи дека ученици, студенти, новинари, економисти, правници, адвокати, наставници, професори, менаџери, туристички работници, инженери, раководители и сите кои сакаат да се усовршуваат имаат можност сега тоа да го постигнат во Македонија.
Ин Оптимум Македонија – Центар за развој на човечки потенцијали по лиценца на Ин Оптимум Академијата од Хрватска, во Македонија ги изведува следните семинари:
In Optimum Power reading Брзо читање семинар во времетраење од 25 часа наменета за лица од 13 до 103 години. Во рамки на овој семинар се совладуваат основни и напредни техники на брзо читање, ментални мапи, други мемориски техники и техники на концентрација. Очекувани резултати се унапредување на брзината на читање до 400% со комплетно разбирање односно 100 страници за 30 минути. Методот е еден од најнапредните во светот и претставува една од најнеопходниоте алатки за личен развој и прилагодување на промените во окружувањето во 21 век.
Јуниор Брзо читање во времетраење до 18 часа наменета за деца од 8 до 12 години. Методот вклучува комбинација на мемориски техники, техники на концентрација и основни техники на брзо читање прилагодени на возраста на децата. Децата кои ја совладуваат оваа вештина се многу понапредни и поперцептивни во образовниот процес и уживаат во учењето.
Учење со Power reading методот во времетраење од 14 часа наменета за сите кои ја усвоиле вештината Брзо читање. Во рамки на семинарот се изучуваат повеќе светски признати стилови на учење со фокус на Ин Оптимум стилот на учење, препознавање на личниот стил на учење и усогласување на истиот со личниот стил на размислување како и развој на многуте интелигенции за успешно совладување на материјалот. Семинарот се препорачува на секој што е во образовен процес, што има потреба од методолошка поддршка за управување со времето, за успешно водење на тимови и личен развој.
Работилници за креативно размислување – Креативница LOVE TO LEARN, наменета за деца од 4 до 14 години. Креативницата е базирана на искуствата на обучувачите во латерално размислување, мемориски техники, ментални мапи и ликовни техники. Единствено место каде што децата имаат можност за она што го креираат насочено да размислуваат, при тоа да научат неколку ликовни техники, да комбинираат материјали и приоди во изработката на своите креативни дела. Креативницата го поттикнува развојот на сите интелигенции кај децата и ги ослободува во креативното изразување. Секој четврток и недела во редовни термини. (…)
Менторски часови за унапредување на читачкиот потенцијал кај децата со проблеми при читањето и дислексија. Децата со дислексија се предиспонирани за совладување на техниките за брзо читање. Токму затоа во рамки на Ин Оптимум работиме со нив. Проблемите може да потекнуваат од стрес од училиште при обидот за читање на глас, од несоодветно прифаќање во средината, од престрог однос на родителите, од преголема критика итн. Работата се изведува индивидуално и резултатите се евиденти како во поглед на квалитетот на читањето така и во однос на самодовербата на децата при совладување на градивото и нивната вклученост во наставата. Консултациите се бесплатни. (…)
Ин Оптимум Македонија е овластен дистрибутер на Home study програмите за личен развој на Ин оптимум Академијата, за кои детални податоци се објавени на веб страната www.funkymem.com
Home study програмите за личен развој се:
- Tranceframing school
- Tempo giusto
- Wanted
- Feng shui
- Животна позиција и идентитети
- Магионичари на времето
- Анатомија на успехот
- Умешност за имање пари
- Харизма ултима
- Нека Ве сакаат… силно
- Контрола на умот
- Voices of the universe
- Aloha way
Преглед на обуки и работилници организирани од тренинг центарот InOptimum…