КДС – Центар за развој и обука на кадри
Телефон: 02.3213.409
Локација: Ул. Рузвелтова бр.6, Скопје
email: kdsa@t-home.mk
web: www.kds.com.mk

Профил на КДС
КДС – Центарот за обука и развој на кадри е формиран 1993 година и е прв Центар за обука на кадри за современото административно и бизнис работење во Република Македонија.
КДС е акроним на она што е мото и препознатлив печат на работењето на фирмата: Комуникација, Деловност, Стил.
Визија: Центарот за обука и развој на кадри да обезбеди современо образование за возрасни, без разлика на полот, возраста, етничката припадност и други различности.
Мисија: реализирање на квалитетна едукација и успешна интеграција на учесниците во деловниот свет.
Мото: „Важно е што работите, но уште поважно е како работите” Ким Ву Чунг
Целта на КДС е да креира, да развива и да претставува модел за унапредување во сферите на: современото административно и бизнис работење, на образованието, финансискиот менаџмент, проектниот менаџмент, како и во обуките за квалификација, доквалификација и преквалификација од различни области, при што центар на активностите да биде професионалниот однос на поединецот, развојот на неговите знаења, вештини и ставови за успешно интегрирање во деловниот свет.
Во својата долгогодишна работа КДС има обучено кадри кои се база за успешно одвивање на многу дејности. Обучени и усовршени врз модерните начела и содржини на едукација на деловни и административни кадри, тие стануваат успешни, самостојни раководители или неопходни соработници на менаџментот во јавниот, невладиниот и бизнис секторот.
КДС е независен Центар, ослободен од сите политички и индивидуални интереси, во обид да дефинира прифатливи и корисни цели и да развива стратегии за успешност.
Области на експертиза на КДС се следните:
Основни деловни вештини од кои центарот нуди курсеви се:
1. КУРС за деловни секретари
2. КУРС за административни работници
3. КУРС за лични асистенти
4. КУРС за стенографија
5. КУРС за асистенти за продажба
6. Курс за десеттопрсно работење на тастатура и писмена комуникација
7. Курс за деловен англиски јазик
8. Курс за сметководители
Дополнително центарот има програми за обуки и работилници од следните области:
Менаџмент
Финансиски менаџмент
Здравствен менаџмент
Образование
Базични компетенции на центарот се:
Деловна комуникација
Коресподенција на Англиски јазик
Коресподенција на Македонски јазик
Деловен Англиски
Обуки за Англиски јазик
Обуки за информатика
Повеќе детали за наведените информации можете да најдете на веб страницата на КДС