Телефон: 02.32.20.994
Адреса на канцеларијата: Железничка бр. 9, 1000 Скопје
Поштенска адреса: Никола Вукмировиќ 23/3, 1060 Скопје
email: kontakt@kreaktiv.mk
web: www.kreaktiv.mk
Младинска Асоцијација КРЕАКТИВ
КРЕАКТИВ е младинска организација за поддршка на креативност и активното граѓанство на младите. Главната цел е да им се помогне на младите за нивното интелектуално усовршување, вклучувајќи ги во неформални образовни активности. КРЕАКТИВ е младинска организација за поддршка на креативноста и активното граѓанство на младите. Формирана е во 2007 година и главна цел на КРЕАКТИВ е интелектуалното усовршување на младите со посебен вид на неформално образование.
КРЕАКТИВ во моментов има еден Младински центар во Кавадарци и два Младински клуба – еден во Скопје и еден во село Дреново. Повеќе информации за нивната работа се достапни на:
www.sk.kreaktiv.mk
www.kavadarci.kreaktiv.mk
КРЕАКТИВ реализира разни проекти, на локално и на интернационално ниво. Активностите на локално ниво се од типот на: работилници, концерти, волонтерски акции, семинари и спортски натпревари и разни изведби и други настани. Работата на КРЕАКТИВ на интернационално ниво вклучува младински размени и тренинг курсеви организирани во Македонија и во други земји, во рамките на програмата Млади во акција на Европската комисија. КРЕАКТИВ, исто така, испраќа и прима волонтери преку Европскиот Волонтерски Сервис (ЕВС), и од 2008 е контакт точка на програмата Млади во Акција за Македонија.
Еднаш месечно, КРЕАКТИВ го објавува младинското списание ЛИБЕРТАС, коешто е целосно подготвено од млади ширум целиот свет. Прочитајте повеќе за ЛИБЕРТАС на:
www.libertas.cre-act-ive.org
За подетални информации за нашата работа слободно контактирајте нè.
www.kreaktiv.mk
Доколку сте заинтересирани, секогаш сте добредојдени да ни се придружите во реализирањето на нашите активности.
……………………………………………………………………………………………………..
Младински Клуб КРЕАКТИВ – Скопје
www.sk.kreaktiv.mk
Младинскиот Клуб КРЕАКТИВ Скопје е место за секој млад човек кој своите идеи би сакал да ги реализира преку најразлични активности и проекти кои се случуваат во клубот. Младинскиот Клуб нуди различен вид на работилници, тренинзи и организира многу настани кои се иницирани и водени од млади луѓе.
Сите активности се одвиваат преку методите на неформално образование каде младите се дружат, споделуваат искуства и знаења, ги развиваат своите вештини и потенцијали со цел да придонесат кон нивниот личен, а и професионален развој.
Во рамките на КРЕАКТИВ на младите им се даваат многу можности за да заминат на многу младински интернационални размени со млади од цела Европа, да научат нешто повеќе за различните култури и различните начини на живот во другите земји, како и да заминат на краткорочно или подолгорочно волонтирање (од неколку месеци) во некоја од земјите на Европската Унија.
На тој начин се постигнува младинска мобилност помеѓу младите во Европа, се градат нови пријателства и партнерства, се отвараат нови хоризонти на младите за понатамошното нивно образовно и работно надградување.
Ги охрабруваме сите млади луѓе кои имаат свои уникатни идеи можат слободно да ни се обратат во Младинскиот Клуб КРЕАКТИВ за да им помогнеме во нива реализација. Сите добри идеи се добредојдени.
Истотака ние сме тука за да ги чуеме вашите потреби за соодветни работилници или тренинзи кои ви се потребни. Тимот на КРЕАКТИВ се состои од доста искусни и компететни младински работници и тренери кои со задоволство би ги испорачале истите.
Активности во Младинскиот Клуб КРЕАКТИВ Скопје.
………………………………………………………………………………………………………………
Младински Центар КРЕАКТИВ – Кавадарци
www.kavadarci.kreaktiv.mk
Младинскиот центар во Кавадарци е проект на младинската организација Креактив. Оформен e во септември 2009 година. Центарот овозможува неформално образование и слободни активности за младите од Кавадарци на возраст од 13 до 25 години.
Младинскиот центар е отворен секој ден од 11 до 21 часот. Во моментот нуди курсеви по англиски и француски јазик, работилници за фотографија, дебати, компјутери, уметност, театар, акустична гитара и жонглирање. Еднаш неделно, центарот организира национални и филмски вечери. Сите активности се слободни за членовите на центарот.
Исто така, во текот на целиот ден младинскиот центар е отворен за младите коишто сакаат да го поминат времето работејќи на интернет, да играат игри или пак едноставно да разговараат и да се дружат со нивните врсници.
Младинскиот центар во Кавадарци е координиран од двајца младински работници, додека пак активностите се организирани заедно од Креактив, Мировен корпус и ЕВС волонтерите.
Вестите за работата на Младинскиот Центар “ Креактив “ во Кавадарци се достапни на оваа веб страница www.kavadarci.kreaktiv.mk
………………………………………………………………………………………………………….
Младински Клуб КРЕАКТИВ – Дреново
Младинскиот клуб во Дреново е проект на КРЕАКТИВ и на основното училиште “ Страшо Пинџур” од Кавадарци. Оформен во декември 2009 година, клубот овозможува неформални образовни активности за 60 деца и млади од село Дреново. Целната група на на клубот се децата коишто живеат во интернатот во село Дреново.
Младинскито клуб е отворен секој понеделник и четврток од 13 до 18 часот. Во моментов нуди курсеви по англиски и француски јазик, компјутерски курсеви и уметнички работилници. Активностите се слободни за сите членови.
Младинскит клуб – КРЕАКТИВ во Дреново е оформен во соработка со јавниот и бизнис секторот. Простор за младинскиот клуб обезбеди основното училиште “Страшо Пинџур” ; компјутери донираше компанијата “ Инфосигнал” од Скопје ; додека “Кам Смарк ” од Дреново обезбеди слободен превоз од Кавадарци до Дреново за сите членови и волонтери на Младинскиот клуб – КРЕАКТИВ.
Повеќе детали за наведените информации можете да најдете на веб страницата на Креактив