Ксантика

Ксантика – Агенција за комуникација

Телефон: 070.225.290
Контакт: contact@ksantika.com
Web: http://www.ksantika.com

Профил на компанијата

Агенцијата за комуникација Ксантика е иновативен Тренинг центар, кој што ви нуди различен и современ пристап во менаџирањето и водењето на вашиот бизнис.

Нашата мисија

Ксантика е посветена кон обезбедување на помудар начин на работа и живеење. Ние спроведуваме еден поинаков, нов пристап на коучирање и обука, чиј резултат има директно и позитивно влијание врз личниот живот и работењето на нашите клиенти.
Нашите обуки и совети по мерка се засновани на доживотно учење и ги оспособуваат луѓето да го препознаат успехот.
Обезбедувајќи средина на меѓусебно почитување, доверба и разбирање, ги инспирираме компаните и луѓето да ги постигнат нивните најамбициозни цели.

Историјата на Ксантика

После 17 години поминати во Холандија, во 2007 година Марина Анчевска одлучи да се врати воМакедонинја, за да својата професија како тренер за личен и професионален развој, ја продолжи овде на Балканот. Таа спроведува иновативни концепти на тренинзи, кои што овозможуваат долгорочни, позитивни промени како за компании така и за индивидуалци.

Агенцијата за комуникација Ксантика, е прва во Македонија која што нуди сертифицирани НЛП тренинзи, познати како најефикасни техники за комуникациски вештини, со децении применувани од страна на највлијателните личности и најуспешните компании во светот.

Во Холандија нејзини клиенти покрај другите беа: Филипс, Министерство за транспорт и врски, Министерство за земјоделие, Спортските центри Плаза Спортива и Еуроборг, како и многу индивидуалци кои што сакаа да ги усовршат нивните професионални и индивидуални перформанси.

Квалификации на Марина Анчевска
- Certificated NLP Practitioner
Certificated Personal NLP Coach
NLP Institute – Bureau Land Holland
International Association of NLP – IANLP

- Certificated Hatha Yoga Teacher
Yoga Academy Amsterdam, Holland

- Certificated Holistic Therapist
School of Holistic Therapy Groningen, Holland

Услуги кои ги нуди Ксантика

1. Креативна комуникација

Како би било ако вашата компанија е најдобра во нејзината бранша? Што ќе се случи ако ги откриете талентите на вашите вработени и истите ги искористите на најдобар можен начин?
Само 7% од комуникацијата е вербална…Дали сакате да ги научите другите 93%?
Замислете ја вредноста што можете да ја добиете, кога ќе научите како да бидете одличен комуникатор и успешна личност како најголемите комуникатори во светот: Donald Trump, Oprah Winfrey, Nelson Mandela?
Ова е уникатен стил на тренинг, каде што сé е можно, за да ви овозможи да излезете од познатото, со цел побрзо да ги постигнете вашите цели. Вашата компанија ќе биде мудра да го избере овој тренинг и со него да инвестира во своите вработени, бидејќи тие ќе бидат попродуктивни, мотивирани и ефективни во остварувањето на организациската цел.

Цели:
Воспоставување на одличен невербален контакт со соговорникот
Брзо препознавање на субјективното искуство: со кои сетила ја примате информацијата, како ја преработувате и зошто е тоа важно?
Брзо препознавање на потребните ресусри за успешно остварување на целта
Идентификување на типови во тимот: расветлување на другите и себе
Брзо препознавање што и кому му е важно, кој е одговорен за донесување на одлуки и влијанието на индивидуалното однесување во тимот
Јасно и едноставно поставување на цели

2. Релаксиран менаџмент

Што ќе се случи ако го трансформирате стресниот менаџмент во релаксиран?
Дводневниот тренинг се изведува во уникатна атмосфера, која што ви овозможува целосно да ги почувствувате и апсорбирате придобивките од релаксираниот менаџмент. По завршување на овој тренинг извршувањето на вашите обврски ќе ви биде задоволство и забава. Тренингот изобилува со интересни практични вежби кои што предизвикуваат ентузиазам и позитивност.
Постојат неколку стратегии кои што ги разработуваме за време на тренингот:
- Кои се вашите извори на стрес?
- Ако не можете да се справите со стресот научете како да го
избегнувате
- Ако не можете да го смените стресниот фактор сменете се себеси

3. Бизнис и индивидуален коучинг

Коучингот е методологија која користи разни техники за да ги инспирира и мотивира луѓето успешно да ги постигнат своите цели. Доколку сакате да ја развивате и да ја водите вашата компанија во правец на успехот, коучингот може да биде професионална поддршка.
Коучингот е вашата поддршка во донесувањето на значајни одлуки во вашата кариера, во време на промени, балансирање на приватниот и деловниот живот, поставување и остварување на предизвикувачки цели, како и во многу значајни моменти од вашиот живот, на деловно или приватно поле.
Список на придобивки на коучингот:
- Градење на лидерство и лидерски квалитети
- Донесување на поквалитетни одлуки за вас и бизнисот што го раководите
- Градење на тимски дух
- Прецизно и темелно планирање, градење на бизнис стратегија
- Успешно поставување и постигнување на цели
- Намалување на стресот при работата

4. Бизнис јога

Вашиот пат кон здравјето, задоволството и успехот во работата.
Предупредени сте дека – ако не сакате да ги видите вашите вработени среќни, здрави и со зголемено работно задоволство – не ангажирајте Бизнис Јога!
Потребни ви се само 30 минути од вашето работно време за да инвестирате во вашето здравје и во здравјето и продуктивноста на вашите вработени. Бизнис Јогата ја креира и зголемува позитивната работна атмосфера, што всушност претставува ваша повратна инвестиција.
Бизнис Јогата се фокусира само на здравјето на телото, правилното дишење и релаксирање на умот.
Како изгледа еден 30 минутен Бизнис Јога час на вашето работно место:
1. Вежби за истегнување зависно од можностите на вашето тело и работните задачи кои што ги извршувате
2. Техники за дишење со цел да се намали стресот
3. Техники за зголемување на концентрацијата
4. Техники за релаксација

Повеќе информации и детали за Ксантика ќе најдете на официјалната веб страница www.ksantika.com.

WordPress SEO