М6 Едукативен Центар

Телефон: 02.31.09.226
Факс: 02.26.13.180
Адреса: ул. 810 бб, 1000 Скопје
email: contact@m6.edu.mk
web: m6.edu.mk

Нашата Мисија

М6 Едукативниот Центар цели да постигне академска совршеност преку ангажирање врвни меѓународни предавачи кои носат актуелни и практични знаења кои можат да го унапредат личниот раст на сегашните и идните бизнис лидери.

Нашите цели

М6 Едукативниот Центар е институција која овозможува континуирано образование за бизнис лидери во Македонија, со воспоставена традиција на соработка со некои од најпрестижните бизнис школи и предавачи од регионот, Западна Европа и САД.

Нашите цели се:

• Креирање на заедница на нови лидери во Македонија со пристап до уникатни и ексклузивни програми за обука од етаблирани меѓународни предавачи
• Воспоставување на практична врска помеѓу нашите програми и посакуваниот развој на бизнис лидерите и организациите кои ги претставуваат
• Воспоставување на врска врска помеѓу нашите програми и најдобрите практики во релевантни Западни организации
• Развивање на претприемнички дух

Нашата Програма

М6 Едукативниот Центар нуди 10 семинари и предавања годишно, со некои од најпрестижните бизнис лидери од Западна Европа и САД, со цел да ги пренесе најновите и најдобри деловни практики до локални менаџери. Некои од предавачите кои учествуваа во нашата програма се:

• Др. Исак Адижес, еден од најпрестижните менаџмент гуруа во светот.
• Брајан Бејкон, еден од најпознатите експерти од областа на change management, со имплементирани проекти во мултинацинални компании како Ford, Ericsson, Coca-Cola, McDonald’s, GE, Goodyear, Pharmacia, Proctor & Gamble, SAAB: British Aerospace, Volvo и многу други Fortune 500 и FTSE 100 компании.
• Др. Мајкл Штурмер, Професор по меѓународни односи на School for Advanced International Studies во Болоња, и советник за надворешни работи на германскиот канцелар Хелмут Кол.
• Др. Пол Клодел, поранешен потпретседател и Директор за Човечки Ресурси на Alcatel.
• Бернд Папенкорт, поранешен висок воен офицер со командни функции во НАТО и ООН.
• Др. Ренди Кудар, Професор Емеритус на University of Western Ontario, и професор на IEDC – Bled School of Management.
• Марк Хајнс, поранешен претседател на Financial Times за Азија.

Центарот исто така партнерува и со различни локални и меѓународни институции и ко-организира дополнителни предавања, работилници и семинари од областа на деловната едукација.

Зачленете се

М6 Едукативниот Центар нуди неколку нивоа на членство кои ќе ја помогнат вашата лична и организациска деловна надградба преку нашата програма :

Тип на членство Опис Котизација
Trustee • Пристап до 10 предавања и семинари на М6 Едукативниот Центар за 5 учесници по ваш избор
• Покани на ексклузивни настани на центарот
• Користење на просториите на центарот за ваши лични потреби: обуки, промоции и сл. (со навремена резервација)
• Место во Одборот на Доверители и влијание во дизајнирањето на нови програми кои можат да одговорат на деловните потреби на вашата организација
• Можност за промоција на вашата организација на наши настани, на нашата веб страница, и во нашите промотивни материјали
540,000 ден. За 10 настани/5 учесници
Executive • Пристап до 10 предавања и семинари на М6 Едукативниот Центар за 2 учесници по ваш избор
• Користење на просториите на центарот за ваши лични потреби: обуки, промоции и сл. (со навремена резервација)
• Значителна заштеда наспроти ad hoc посетата на предавања и семинари; и
• Пристап до дополнителни, редовно закажани образовни настани
216,000 ден. За 10 настани/2 учесници
Регистрација за Настан • Индивидуално учество на предавања и семинари на М6 Едукативниот Центар кои ги подобруваат знаењето, мотивацијата, визијата и деловните контакти на вашиот тим 10,000 ден. За 1 настан/ 1 учесник

За да се зачлените, потребно е да пополните регистрациски формулар за посакуваниот тип на членство, или контактирајте нѐ на:
Tel: 02 3109-226
Fax: 02 2613-180
E-mail: contact@m6.edu.mk
Адреса: М6 Едукативен Центар, ул. 810 бб, 1000 Скопје, Македонија

По приемот на котизацијата, ќе добиете формална потврда на вашиот тип на членство.

Повеќе детали можете да најдете на веб страницата на М6 Едукативен Центар

WordPress SEO