Телефон: 048.400.100; 048.434.072
email: akademija@mikrosam.com
web: www.mikrosam.com
Микросам – Академија за таленти – Нов предизвик!
Мисијата на Микросам–Академијата е да го поттикнува ителектуалниот и личниот развој на талентираните млади луѓе, преку понатамошно образование и дообука. Преку нашата помош за развој на способностите за планирање и стратегиите кои им се неопходни за успех во областа на техничките науки, ќе креираме високо конкурентна работна сила на глобалниот пазар на труд.
Микросам–Академијата верува дека сите талентирани млади луѓе би требало да добијат опсежно образование, кое би требало да вклучува заеднички искуства на учење во областа на техничките науки. Така создадените можности, ќе овозможат истражување на областите од личен и професионален интерест. Во рамките на академијата се изучува воведно програмирање во C++ и математика.
Но, што е тоа што нè прави толку популарни? Ние сме популарни поради модерните методи во предавањето, мултимедиското образование, мотивацијата, елементите на самостојно учење, вистинското животно искуство итн. За задоволување на образовните потреби на студентите, ставена е на располагање огромна база на податоци, која вклучува: литература, видео–материјали, дополнителна документација, како и директен пренос на предавања од извонредни професори од универзитети во САД. Дел од концептот на Академијата е и директен трансфер на знаење преку предавања и презентации, кои ги одржуваат домашни и странски афирмирани експерти, бизнисмени и професори за време на нивната посета на Академијата.
Во потера по правото на квалитетно образование, Микросам–Академијата верува дека сите луѓе можат да учат. Тоа е и главната причина поради која Академијата се посветува на обезбедување ресурси, за поддршка на своите високи очекувања за академски, општествени и лични достигнувања.
Микросам–Академијата е само дел од целокупниот концепт на Микросам за промена на пристапот на работа, образование, на размислување, како императив за постигнување на заедничката цел: Подигање на нивото на техничко–технолошки развој на Република Македонија.
Академијата МИКРОСАМ се состои од два дела и тоа:
- Таленти програмери
- Клуб на талентирани средношколци
Таленти програмери
Во склоп на својата програма Академија Микросам на еден современ начин на образование врши обука на програмери. Академијата го поттикнува интелектуалниот и личниот развој на младите луѓе, со амбиции да напредуваат во својот живот и да го надоградуваат своето знаење, со цел да се создаде висококонкурентна работна сила. Тоа се млади талентирани луѓе кои имаат желба да го зголемат своето знаење во областа на математиката и програмирањето . Тие успеваат да ги постигнат бараните резултати од влезните селекциони тестови.
Идејата да се организира ваков тип на студии, која ги вклучува најатрактивните курсеви кои во моментот можат да се најдат кај нас, е оригинална и единствена барем за овие простори. На тој начин, за првпат им се дава можност на младите да посетуваат организирана настава на подолг временски рок, врз основа на теркот и критериумите специфицирани од страна на водечката компанија МИКРОСАМ АД, директно насочена кон градење на програмери, конкурентни за интернационалниот пазар. Наставата се изведува во современо опремена академија, која располага со огромна база на податоци, вклучувајќи дигитална и печатена библиотка, богата стручна литература, видео материјали и врвни професори, како од нашите простори, така и од странство.
Извонредната селекција на курсеви, докажува дека изборот е добро смислен, со намера да го дефинира идниот програмер, експерт за програмирање во С++ програмскиот јазик, отворајки му ги низ настава, развојот и перспективите на програмирањето и математиката.
Интерактивното одвивање на наставата е посебно значајно, поради тоа што директно и практично го насочува студентот кон проблематиката со која во иднина и реално ќе се соочи, давајќи му едновремено и можност на студентот во секој момент да си ги процени своите капацитети во областите кои ги изучува.
И конечно, преку овој тип на студии, студентот има можност да се здобие со завиден сет на знаења кои ќе го докажат исклучителното ниво на здобиена стручност, која неспорно ќе биде предуслов во процесот на изнаоѓање на атрактивно работно место во секоја посериозна компанија.
Со формирањето на базата на завршени студенти на оваа академија и со нејзиното објавување на интернет, компаниите од Македонија, па и од светот, ќе можат полесно да доаѓаат до специјализиран програмерски кадар кој има предиспозиции многу брзо да се вклопи во нивното работење, бидејќи програмскиот јазик кој го имаат совладано талентите од Академијата Микросам се користи насекаде во светот.
Клуб на талентирани средношколци
Во рамките на Академијата Микросам покрај стандардните едукативни програми за редовните студенти на академијата, постојат и можности за едукација и на талентирани средношколци. За таа цел во склоп на акдемијата за време на летниот распуст функционира клуб на талентирани средношколци. Овој клуб можат да го посетуваат оние средношколци кои ќе ги поминат селекционите тестови и кои имаат афинитети да научат нешто повеќе од областа на компјутерските технологии, математиката, физиката.
Наставата се одвива во две помали групи во современо опремена училица со компјутери, сервери, проектор и други нагледни средства. Предавањата ги одржуваат реномирани професори и инженери вработени во фирмата Микросам АД кои имаат современи и креативни методи на предавање и интерактивен пристап во наставата со што им се овозможува на учениците и сами да учевствуваат во предавањето и да подготвуваат сопствени презентации. Исто така на располагање на учениците им стои и богатиот фонд на стручна литература како од печатената, така и од дигиталната библиотека. Во рамките на клубот учениците се стекнуваат со знаење и вештини за тимска работа. На тој начин што изготвуваат заеднички проекти, како што е проектот Wikipedia, чија цел е преведување на статии од англиската Wikipedia, на македонски јазик. Со тоа што се збогатува македонската Wikipedia со нови факти.
Заморени сте од сивилото кое не стрела во монотоното секојдневие?
Во потрага сте по мултимедиско образование?
Сакате да бидете во единство со талентирани млади луѓе?
Интелектуалци, вие тоа се прашувате!
Вашиот интелект е доволно право за квалитетно образование. За вас нема да бидат проблем никакви тестови. Доволно е само да ги активирате вашите неурони и ќе бидете во “Клубот на талентирани средношколци”.
Повеќе информации и детали за Академијата Микросам ќе најдете на официјалната веб страница www.mikrosam.com.