Телефон: 02.32.46.304
Адреса: Орце Николов 99
1000 Скопје
email: petrusev@oic.org.mk
web: http://www.oic.org.mk

Профил на организацијата
Образовниот Информативен Центар е невладина oрганизација која делува во областа на меѓународното образование. ОИЦ е основан од страна на фондацијата Институт Отворено Општество – Македонија и финансиски е поддржан од Одделот за образование при State Department на САД / Американска Амбасада.
ОИЦ претставува продолжение на Студентскиот информативен центар кој функционираше како засебен проект во рамките на ИОО-Македонија и тоа во Скопје од 1996 г. и во Битола од 1997 г. Центарот во Битола како филијала на ОИЦ Скопје функционира се до крајот на 2003 год.
Мисија
Активно учество во процесот на градење на отворено и демократско општество преку информирање на македонската јавност за образовните можности во странство и поттикнување на академската популација за нејзино поголемо инволвирање во светските образовни трендови и текови, за размена на знаења и искуства, како и нивна имплементација во нашата земја.
Цели
• воведување на особен пристап за ефективно и ефикасно задоволување на потребите на средношколците, студентите, професионалците од различни области и универзитетскиот кадар;
• поттикнување на процесот на интеграција на македонската академска заедница во меѓународната;
истражување, спознавање и информирање на македонската јавност за најновите трендови во меѓународното образование;
поттикнување на соработка со образовни институции во светот кои дејствуваат во полето на меѓународното образование;
• поттикнување на меѓукултурната и образовната размена на знаења и искуства;
• истражување и испитување на нови можности за финансирање;
• проценка и евалуација на корисноста на постоечкиот библиотечен фонд и неговата надградба според потребите.
ОИЦ Скопје работи секој работен ден од 09.00- 16.00 часот.
Приемно време на странки: 10.00- 14.00 часот
Услуги кои ги нуди Образовен Информативен Центар
Подготвителни курсеви
MBA центарот нуди подготвителни курсеви за:
• TOEFL Preparation Course
• SAT 1 Preparation Course
• GRE General Test Preparation Course
• GMAT Preparation Course
• IELTS Preparation Course
• FCE Preparation Course
Работилници
ОИЦ Скопје оранизира работилници на следните теми:
• Academic and Business Writing
• How to write a successful college application
• Personal Statement/Statement of Purpose
• Curriculum Vitae/ Resume
• Research paper/ project proposals
Работилницитете се организираат доколку се пријават минимум 5 кандидати. Групите се ограничени до најмногу 5-8 лица. Работилниците се организираат најчесто во сабота и се во траење од четири часа. Вклучуваат и проверка и техничка корекција на на изработените трудови.
