Синергија Плус

Синергија Плус – Агенција за едукација, маркетинг и консалтинг

Прва агенција за финансиска писменост во Р. Македонија

Телефон: 02.25511568
Email: info@sinergijaplus.com.mk
web: www.sinergijaplus.com.mk

Профил на компанијата

Компанијата е основана во 2008 како приватна иницијатива на група на индивидуи со сличен систем на вредности. Целта на создавањето е да се изгради бизнис модел околу двете основни вредности кои се во синергија во нашата компанија, а кои се најнеопходни на нашето поднебје.

Двете основни вредности се: Финансиска Писменост и Личен Раст и Развој.

Во делот на финансиската писменост Синергија Плус значи:

- Почитување и повторно вреднување на мудроста на најстарите генерации, мудростите кои стојат запишани во нашите народни поговорки. Враќање на традиционалните македонски вредности на домаќинлак и штедење.
- Прифаќање на практичната мудрост на новите генерации и имплементирање на се она што е долгорочно издржливо во постоечкиот систем на функционирање на финансискиот свет.
- Примена на практичната мудрост во своите лични финансии.

Ако народот не се подигне финансиски, нема уште долго да биде народ.

Во делот на личен раст и развој Синергија Плус значи:

- Систем на континуирана едукација кој создава индвидуи со длабок внатрешна смисла на сигурност и самодоверба.
- Применлива едукација кој е практична денес.
- Систем на самонадградба чие ширење значи финансиски и личен бенефит за оние кои го применуваат во пракса.
- Кариера за оние кои сакаат во животот да успеат, менувајќи го општеството на подобро.

Ако човекот не се подигне индивидуално, нема уште долго да биде човек.

Во текот на своето брзо растечко и енергично постоење Синергија Плус активно привлекува се поголем број на искусни, образовани и мотивирани индивидуи во своите редови.

Едукацискиот тим на предавачи во Синергија Плус е составен од 14 индивидуи и истиот продолжува да расте и постојано се зголемува.

Предавачите се личности со различни референци и искуство.
Помеѓу другото основниот тим се состои од искусни ревизори, банкарски службеници, фонд менаџери и финансиски аналитичари, но исто така и адвокати, сопственици на успешни приватни бизниси и млади претприемачи.
Тоа што не поврзува е нашата енергија, верба и практично знаење.
Со спојување на концептите на искуствено учење, визуелна комуникација на идеите, емоционалната интелигенција и финансиската писменост создаваме едукациски модули прилагодени за нашиот пазар.
Целта на едукацискиот тим е да ги пренесиме нашите вредности комуницирајќи на нивото на слушателите, потполно свесни дека успешната комуникација не го вреднува тоа што e кажано, туку тоа што е успешно пренесено и сфатено.

Проширениот тим на соработници е група од околу 80 индивидуи кои активно учат, применуваат и го менуваат светот околу себе.
Целта на проширениот тим е градење на успешен бизнис модел кој ќе овозможи поголема финансиска благосостојба за нашите клиенти.

Со заеднички сили тимот на Синергија Плус работи на остварување на главните цели:

- Подигање на нивото на финансиска писменост во државата во целина;
- Модернизација на пазарот на финансиски продукти и услуги;
- Ширење на практичен систем на едукација за личните финансии;
- Зголемување на свеста за потребата за проактивно водење на личните финансии;
- Воведување на компаниски и институционални модели за работа кои резултираат со зголемена ефикасност и мотивираност на вработените.

СИНЕРГИЈА ПЛУС ВО 2009

За нас како и за многу други предизвикот беше голем во 2009-та.
Искуството покажува дека младите компании кои се основаат во рецесија многу често не се пробиваат низ влошените услови, но исто така и дека оние како нашата кои се пробиваат покажуваат одлични резултати во следната фаза.
Сепак и покрај сите потешкотии успеавме:

1. Да го предвидиме и помогнеме растот на новата индустрија на инвестициски фондови:

-Да одбереме партнер во индустријата кој за нас и нашите клиенти овозможи максимален поврат од 40% до 60% на годишно ниво во услови на глобална и регионална рецесија;
-Да организираме 16 поголеми настани – на кои им помогнавме на посетителите да научат како со своите лични финансии, како до подобра контрола на личниот паричен тек, како да ги скратат трошоците и намалат обврските и најважно како да го прифатат менталниот склоп на богатите луѓе – начин на размислување кој води до трајна благосостојба;
-Да организираме над 50 бесплатни информативни предавања низ различни градови во Македонија, како и во институции и компании.
-Да помогнеме на над 500 семејства да научат како да ги исчистат обврските и генерираат вишок на средства кои ги инвестираат во својата подобра иднина.

2. Да изведеме практична, комплетна дигитализација на нашиот бизнис, ефективно претворајќи го во бизнис кој може да се води од дома:

-Да ја отстраниме 90%-но хартијата во нашето работење со тоа постигнувајќи заштеда и за нас и за околината;
-Да изградиме активен однос на размена со нашите клиенти и соработници преки новите медиуми (нашата група на Facebook брои 2000 членови кои ги делат нашите вредности);
-Да инвестираме во идна зголемена флексибилност на софтверскиот систем на работа.

3. Да воведеме визуелна комуникација на идеите во рамки на компанијата и во дел од работата со партнерите:

-Креативниот тим ги научи техниките на brainstorming и mind mapping;
-Визуелно го надградивме нашиот бренд;
-Ги преточивме сите организациски концепти и услуги во нивниот визуелен еквивалент.

4. Да спроведеме целосна и комплетна анализа на системот на вредности во Синергија Плус:

-Спроведовме индивидуална анализа на системот на вредности на лидерскиот тим во Синергија Плус;
-Спроведовме компаниска анализа на системот на вредности на Синергија Плус;
-Спроведовме заедно со нашиот партнер Coach Era прилагодена обука за лидерство и коучинг која резултираше со комплетно созвучје на ниво на лидерскиот тим;

5. Да го канализираме практичното знаење и искуство на нашиот тим во 44 авторски текстови и статии објавени во дневните весници и во новите медиуми.

6. Да подготвиме целосна и детална развојна програма за 2010та и со истата да влеземе во 2010 подготвени за поголеми и посеопфатни успеси.

Повеќе информации и детали за Синергија Плус ќе најдете на официјалната веб страница www.sinergijaplus.com.mk.

WordPress SEO