Сопство

Сопство – Центар за самоусовршување

Телефон: 070.763.495
Локација: Кисела Вода, Скопје
email: info@sopstvo.org
web: http://www.sopstvo.org

Профил на Сопство

Сопство – Центарот за самоусовршување, Здружение на Граѓани (оформен април 2000) е невладина организација што овозможува на секој граѓанин што има желба и што сака да се пронајде самиот себе си и да биде во сооднос со самиот себе си, да си го најде своето сопство, своето јас преку техники, семинари и Учења од научен и духовен карактер. Како да имаме поквалитетен и поздрав живот, да се ослободиме од стресот и да создадеме внатрешен мир и хармонија, да станеме посвесни за самите нас, да си ги превземеме одговорностите, да не ги кривиме другите за неуспесите во нашиот живот и да го земеме воланот во свои раце.

Сето ова можеме да го постигнеме со следните техники и Учења: Индивидуална работа, Јога, Таи Чи Чуан, Техники (Раскинување и други техники од Филис Кристил, Холограмски процес, Ескалибур и други техники од Славински, Тим мозгова и други техники од Силва метод, Шакти Гавејн, Седумте успешни навики од Стивен Ковеи…), Учењето на Бруно Гренинг – Исцелување по Духовен пат, Белото Братство дадено од Беинса Дуно – Петар Д’нов, Учењето на Огнот – Техники на лечење и заштита, чаеви и амулети, Учењето на Љубиша Стојанович, семинари, работилници и часови по компјутери. Наведените курсеви, семинари, техники и Учења се достапни во Центарот за самоусовршување СОПСТВО.

Програма

Индивидуална работа:
Да видиме каде ни се проблемите за нашето неправилно функционирање, како да ги надминеме, како да се спознаеме себе си и како да се насочиме правилно.

Техники:
Раскинување од Филис Кристил, Холограмски процес, Тим мозгова, Шакти Гавејн, Седумте успешни навики и други.

Јога:
Основен и напреден курс со предавачка со долгогодишно искуство – ученичка на Матаџи.

Таи Чи Чуан:
Основен курс по Таи Чи Чуан достапен за секого од најмала до најстара возраст.

Учењето на Бруно Гренинг:
Помош и исцелување по духовен пат – Медицински потврдено. Тоа што Бруно Гренинг го рекол и денес сè уште се случува е: “Неисцеливо не постои, Бог е најголемиот исцелител!”

Белото Братство:
Петар Д’нов предал молитви, пишани текстови, беседи и игри. Постојат многу книги во кои се опфатени теми за начинот на исхраната, пронаоѓање на себе си преку духовен пат, лечење со музика, правилно насочување на своите мисли и многу други теми како и Паневритмијата – вежби за балансирање на телото, мислите и духот.

Учењето на Огнот:
Учењето на Огнот се содржи од медитации, Танц на Огнот – техника за саморазвој, здрава исхрана, посебни чаеви и духовна заштита и одбрана. Целта на ова учење е духовна заштита на практикантот и на околината, ослободување од стрес, подобрување на здравствената состојба на практикантот и јакнење на духовните и психичките сили на практикантот.

Часови по компјутери:
Имаме дипломиран искусен предавач по компјутери. Дел од едукативните програми што ги нудиме се: почетен и напреден курс по компјутери (основа на компјутери, Windows, Office, Internet) и други специјализирани курсеви.

Семинари/работилници:
Повеќегодишно искуство во организирање на семинари и работилници во целосно опремен простор со домашни и странски предавачи. Дел од семинарите се: Курсеви од Силва Метод, Маѓучовечки односи и правилна комуникација, Концентрација, Седумте правила на најуспешните луѓе од Стивен Ковин, Бојата на парите, Толкување на сонови по научен пат, Славински (ПЕАТ, Ескалибур, Холограмски процес…) и други.

Практицирање на Силва метод:
Дел од членовите на клубот се дипломци на Силва метод и активно ги практикуваат методите и техниките.

Учењето на Љубиша Стојанович:
Во нашите простории се одржува семинарот: Пат кон просветлување (Семинар за развој на десната половина).

Повеќе информации и детали за Сопство ќе најдете на официјалната веб страница www.sopstvo.org.

WordPress SEO