адреса: ул. 11 Октомври бр. 15
место: Охрид
телефон: 075.629.571
Е-маил: info@sunnylakehostel.com
Веб страна: www.sunnylakehostel.com
Профил на организацијата
Sunny Lakе Hostel се наоѓа во самиот центар на Охрид, во стариот дел на градот веднаш над старата чаршија. Поседува поглед кон езерото и е оддалечен на само три минути од градскиот плоштад. Нуди сместување во двокреветни и во повеќекреветни соби. Хостелот се наоѓа во близина на неколку ресторани каде можете да уживате во традиционална македонска храна. Оддалеченоста до автобуската станица е на 20 минути пешачење. Во хостелот можете да добиете информации за сите туристички дестинации во градот и неговата околина.
Во својата релативно кратка историја, Sunny Lake хостел успеа да се најде меѓу најдобро рангираните светски хостели во изминатите 2 години.
Хостелот е погоден за организација на обуки и семинари во помал обем. За повеќе детали контактирајте го персоналот на хостелот.
Услуги кои ги нуди Sunny Lake Hostel
Хостелот може да понуди услуги за сместување и организирање на настани од Неформално Образование.
Хостелот располага со следните капациети:
► 36 комфорни легла за спиење распоредени во неколку соби со повеќе легла,
► просторија за дневен престој во која на располагање имате компјутер со за интернет, ЛЦД проектор, кабловска телевизија, ДВД со колекција од над 100 филмови, Sony PlayStation, библиотека со книги,
► бежичен интернет,
► комплетно опремена кујна, поволна за подготвување на оброци по сопствена желба,
► сопствена градина за одмор и релаксација,
► сопствен сервис за перење и сушење алишта,
► велосипеди,
►сопствен паркинг за автомобили.
За време на престојот во хостелот, во секое време ќе имате на располагање информации од прва рака за случувањата во Охрид и неговата околина.
За повеќе информации околу сместувањето и контактирајте го персоналот на хостелот или проверете на веб страницата