EBC*L

Европски Сертификат за Бизнис Компетенции EBC*L

EBC*L (European Business Competence * Licence) е Европски сертификат за бизнис компетенции кој е меѓународно признат. Главна цел е зајакнувањето на претприемничките и бизнис вештини, односно подобро разбирање на бизнисот. Со добивање на сертификатот се зголемуваат компетенциите за напредок во кариера и за вработување, како и за поуспешно водење на сопствен бизнис. Единствен е во брзината на добивање со бизнис вештини за лица кои се вработени и кои немаат доволно време за посетување студии.

EBC*L на меѓунаордно ниво
Се изучува и полага во 27 држави и на повеќе од 20 јазици. EBC*L има три степени.

Степен А кој има 4 модули: Бизнис цели и менаџмент показатели; Анализа на трошоци и утврдување на цени; Сметководство и Трговско Право.

Степен Б го опфаќа бизнис планирањето и тоа основи на бизнис планот, маркетинг и продажба и финансиски план, како и буџетирање и анализа на трошоците.

Степен Ц го опфаќа раководењето (лидерството) во кое се вклучени управувањето со човечки ресурси и контролата.

Сите три степени се независни и може посебно да се изучуваат и полагаат.

Повеќе информации на www.ebcl.com.mk

WordPress SEO