ECDL
Европска Компјутерска Возачка Дозвола
Европска компјутерска возачка дозвола е меѓународно признаен сертификат за информатичка писменост, кој гарантира дека сопственикот поседува знаење за работа со компјутер согласно со стандардите за компјутерска писменост диктирани од ECDL фондацијата. Заради големиот успех кој ECDL го постигна во Европа, програмот е проширен низ целиот свет под името Internacional Computer Driving licence (ICDL).
За фондацијата
European Computer Driving Licence (ECDL), со повеќе од 9 милиони корисници, е еден од најголемите светски едукацијски системи на сертификација кој моментално е достапен во 138 земји и преведен е на 32 јазици низ целиот свет. ECDL е IT сертификат за сите граѓани од сите возрасти. Наменета е за сите лица кои имаат потреба или имаат желба да знаат да работат со компјутер. Наменета е за сите луѓе без оглед со која работа се занимаваат, за луѓе кои влегуваат или веќе се наоѓаат на пазарот за работна сила. ECDL сертификатот докажува дека корисникот ги поседува суштинските компјутерски вештини, кој се од огромно значење за работодавачите при проценување на знаењето на потенцијалните кандидати. ECDL наставниот програм е единствен по тоа што е осмислен на начин што е потполно независен од производителите на софтвер. Тоа им овозможува на кандидатите флексибилност и слобода во стекнување на овие вештини и во нивна сигурна примена во било кое софтверско опкружување кое се бара од нив
Причини за воведување
Еден од условите во секојдневните огласи за вработување е познавање работа на компјутер или добро познавање работа на компјутер. Работодавачите не можат да одговорат што се подразбира под овој услов, ниту како го проверуваат „познавањето на работа со компјутер„ додека кандидатите за нови вработувања приложуваат потврди низ кои се докажува дека присуствувале на разни компјутерски семинари и курсеви. Поради ова работодавачите тешко можат да го проценат нивото реално ниво на знење за работа со компјутер без дополнителни тестирања кој одземаат доста време и средства. Затоа како најефикасно решение за доказ за компјутерските вештини се употребува ECDL сертификатот кој го почитуваат работодавачите од целиот свет. Компјутерот во последно време стана основно и главно средство за работа, а се помалку има запослени лица со адекватно знаење и вештини за работа на такви работни места. Програмот ECDL се покажал како решение на овој проблем. Овој програм превземен е од Европската заедница и во моментов е европски стандард за знаење и вештини за употреба на компјутер. Сертификатот е прифатен од големи мултинационални компании преку државни институции, училишта па се до поединци.
Предности
IT вештини за секого Иновативна метода за проверка и евалуација на знаењето Модел за едукација и тренинг во информатичкото друштво Многу ефикасен начин на тренинг Ја зголемува свеста во врска со предностите на активното учество во информатичкото друштво Еластична и прифатлива квалификација која нуди зголемена мобилност на носителот.
Значењето ECDL сертификатот за работодавачите
* Овозможува објективна проценка на информатичкото знаење на веќе вработени лица или потенцијални кандидати за вработување.
* Ја зголемува продуктивноста на веќе вработени лица кој во работата користат компјутер
* стекнатото знаење овозможува подобра работна интеракција помеѓу вработените во работната организација и побрза комуникација помеѓу поедините работни единици
* Експертни работни групи кои ја сочинуваат професионалци од IT индустрија и низ консултации со понудувачи на материјал за курсеви и крајни корисници. ECDL/ICDL се темели на еден усогласен документ на Наставниот програм – Syllabus.
* Наставниот програм содржи факти кои мораат да се научат и вештини кои мораат да се совладаат за да канд
Значењето на ECDL за сите кои бараат работа
* Не одбегнувајте конкурси во кои се бара одлично познавање на работа со компјутер
* Научете да владеете со апликациите за деловно работење
* Обезбедете си светски признаен сертификат
* Бидете во предност при аплицирање за работно место било каде во светот
Значењето на ECDL за сите корисници на компјутери
* Проверете го и усовршете го своето знаење
* Отворете го патот кон повисоките нивоа на ИТ знаења низ напредниот (Аdvanced) програм
* Олеснете го решавањето на секојдневните работни задачи
* Овозможете подобро и поагилно користење на деловните апликации
* Зголемете ја самодовербата
Превземено од: http://b-kings.com/