ECL

ECL испитот за познавање на јазикот е создаден од потребата да се развие униформиран тест за земјите членки на Европската Унија, а се користи и во САД. Професионалната обврска на ЕCL тестирањето е исправа дадена на универзитетите кои се сместени во државите кои влијаеле на изработката на тестот и на кои паѓа обврската за оценување на самите тестови. Бројот на тие центри е проширен така да овој испит може да се полага во Чешка, Англија, Германија, Унгарија, Италија, Шпанија, Полска, Романија, Словенија и во Србија.

Меѓу оние кои се одлучуваат да го полагаат овој испит се поголем е бројот на студентите и претставници на разни области на делување кои сакаат своите студии или работа да ги продолжат во странство. Со порастот на тенденциите да овој испит може да се полага на меѓународно ниво, ECL сертификатот претставува важна ставка во вашиот пасош. Полагањето на овој испит е изводливо на се повеќе европски јазици. На пример, во Унгарија ECL испитот е официјално признат од страна на Министерството за образование.

Содржината и целокупната важност на тестот била заснована на детално истражување и на тестирање на пробни целни групи. ECL подразбира усна и писмена проверка на знаењето и на можноста за функционална употреба на јазикот во деловниот и во секојдневниот говор на различни нивоа.

ECL тестовите постојат на четири нивоа (A,B,C и D) и не вклучуваат проверка на знаење кога се во прашање граматика или превод на текстови. Секое од нивоата подразбира проверка и евалуација во четири категории:

- способност на разбирање на соговорникот
- пишување (состав)
- читање (можност на сфаќање на прочитаното
- говорни вештини

A ниво може да се постигне после 300 до 350 часа интензивно посетување курс и претставува пониско ниво на општо познавање. Тестовите од B ниво покажуваат основно познавање, C ниво – просечно познавање на странскиот јазик и четвртото D ниво претставува познавање најблиско на познавањето на оние на кои тој јазик им е мајчин јазик.

WordPress SEO