Францускиот јазик е романски јазик, кој се зборува од 77 милиони луѓе како прв мајчин јазик, од 50 милиони луѓе како втор јазик и од други 200 милиони луѓе како задолжителен странски јазик. Се зборува во 57 земји од светот, од кои најголемиот број во Франција, а останатите се во Канада (особено Квебек), Белгија, Швајцарија, дел од Африка, Луксембург и Монако.
Францускиот јазик потекнува од латинскиот јазик од Римската империја, како што се и португалскиот, шпанскиот, италијанскиот и романскиот јазик, како и повеќе локални јазици на малцинства. На неговиот развој влијаеле келтските јазици на романските Гали, и германските јазици пост римските освојувачи.
Францускиот јазик е официјален јазик во 29 земји, најголем дел од нив членки на франкофонските земји. Тој е официјален јазик во Обединетите Нации, како и голем број други меѓународни организации. Тоа е третиот зборуван јазик во Европската Унија, по Германскиот кој е прв и Англискиот јазик кој е на второ место. Претходно, до средината на 20тиот век, Францускиот јазик се користел како службен јазик во Европа.